Македонија

Со „Виз ер“ од Скопје за Мадрид

Авионите од Скопје до Мадрид ќе сообраќаат секој вторник, петок и сабота

Авиокомпанијата „Виз ер“ од денеска воспоставува директна авионска линија Скопје – Мадрид.

Инаугуративниот лет е закажан за попладнево во 16:05 часот од Меѓународниот аеродром Скопје.

На аеродромот, по тој повод, прес-конференција ќе одржат вицепремиерот Александар Николоски, амбасадорот на Шпанија Рафаел Сориано Ортиз и Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Авионите од Скопје до Мадрид ќе сообраќаат секој вторник, петок и сабота. Дополнително, од аеродромот во Скопје денеска повторно се воспоставуваат летови до Ларнака, со планирани термини секој вторник и сабота.

Вчера, Скопје беше поврзан со авионски линии до Стокхолм и Бари, додека Охрид доби линија до Базел. Овие летови се реализираат од страна на „Виз Ер“ со финансиска поддршка од Владата.

Најнови вести од: Македонија

Запленети 35.000 австралиски долари на аеродромот во Скопје

Иако патниците носеле поголема сума на девизи, тие наместо да се упатат на црвениот канал за пријавување, поминале низ зелениот канал, наменет за патници без ништо за пријавување. По селекција биле издвоени за детална контрола, при што биле откриени непријавените девизни средства

To top