Македонија

Кривична пријава против поранешен директор на АХВ за проневера

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, неговиот заменик и уште петмина вработени во АХВ, поради проневера во службата.

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, неговиот заменик и уште петмина вработени во АХВ, поради проневера во службата.

„СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против З.А., поранешен директор на АХВ, поради сомнение за сторено кривично дело Проневера во службата, по член 354 став 1 од Кривичниот законик и против Ф.М. поранешен заменик директор во агенцијата за истото дело, како и против Л.У., А.Р., Е.Т., А.Б. и А.Б., вработени во АХВ поради сомнение за сторено кривично дело Проневера во службата, по член 354, а во врска со член 24 од КЗ, Помагање. З.А. во својство на директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, во периодот од 2017 до 2020 година, во повеќе наврати, со намера противправно да прибави за себе парични средства кои му биле доверени во службата, за службени патувања во странство на кои истиот присуствувал, примал дневници во висина од 50%, иако согласно Уредбата за изменување на Уредбата за издатоците на службени патувања и службени патувања во странство требало да прима само 20%, бидејќи трошоците за сместување и исхрана не паѓале на товар на институцијата“, соопшти полицијата.

Ф.М., како заменик-директор, со потпишување на решенијата за одобрување на службените патувања во странство му помогнал на З.А. противправно да ги присвои средствата, се наведува во соопштението.

„Л.А., А.Р. и Е.Т. во повеќе наврати, спротивно на наведената Уредба, изготвиле решенија за одобрување на службено патување во странство на име на З.А.. Врз основа на тие решенија А.Б. и А.Б. одобриле исплаќање на паричните средства, иако знаеле и биле свесни дека решенијата не се донесени согласно Уредбата. Тие постапиле по решенијата и му ги исплатиле парите, со што му помогнале на З.А. да се стекне со противправна имотна корист во вкупен износ од 62.530 денари, а на штета на буџетот на Агенцијата за храна и ветеринарство“, соопшти полицијата.

Најнови вести од: Македонија

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

To top