Македонија

Избрани 50 најдобри средношколски идеи – започна трката за еден милион денари

Натпреварот не е само трка за награда

Со изборот на 50-те најдобри, од вкупно пристигнатите 438 пријави, започнува втората фаза на натпреварот „Средношколец милионер“ со онлајн-гласање на платформата milioner.mk.

Од вкупно 438 пристигнати бизнис идеи од средношколци низ цела Македонија, избрани се топ 50 најиновативни и најперспективни, кои влегуваат во втората фаза на натпреварот „Средношколец милионер“, организиран од Бреинстер некст колеџот и НУ Академиите за талентирани средношколци.

Во првата фаза учениците имаа можност да се пријават и да ја опишат својата идеја и нејзиниот потенцијал за решавање реален проблем. Во следната фаза кандидатите ќе ги изложат своите идеи пред јавноста, која ќе гласа за најдобрите 20, кои ќе ја продолжат битката за големата награда – еден милион денари.

„Оваа генерација средношколци не само што има идеи – тие размислуваат зрело, креативно и амбициозно. Нашата мисија е да им помогнеме да го претворат потенцијалот во реални решенија“, велат од Бреинстер некст колеџ.

Како што велат организаторите, од денеска започнува и втората фаза, во која ќе има официјално гласање за идеите на платформата milioner.mk, каде што секој може да дознае повеќе детали за секоја од 50-те најдобри идеи и да гласа по еднаш, за максимум 10 бизнис идеи предложени од амбициозните средношколци од цела Македонија. Гласањето ќе биде затворено на 16 ноември.

Најдобрите 20 идеи ќе влезат во последните две фази, во кои со поддршка од ментори ќе се подготвуваат за големото финале и борбата за освојување на 1.000.000 денари.

Целта на натпреварот „Средношколец милионер“ е да ги поттикне младите во Македонија да размислуваат претприемнички, креативно и иновативно, да препознаваат реални проблеми во својата околина и да предлагаат одржливи решенија со потенцијал за развој во вистински бизнис.

„Кога бев средношколец, и јас имав многу идеи – но немаше каде и како да ги претворам во нешто реално. Пред 10 години кога го започнав Бреинстер, наидов токму на ваква поддршка, каква што нудиме денес за оние со најдобрите идеи, односно даваме шанса каква што ни била дадена нам, од луѓе кои веруваа во визијата за Бреинстер. Затоа верувам дека „Средношколец милионер“ е многу повеќе од натпревар – тоа е шанса младите денес да направат нешто што нашата генерација немаше шанса да го направи додека учеше во средно школо. И да видат дека идејата вреди само ако се обидеш да ја спроведеш“, вели Петар Ниновски, основач на Бреинстер, додавајќи дека токму ваквите иницијативи создаваат нова генерација млади луѓе кои не чекаат приликата – туку самите ја создаваат.

Преку натпреварот, Бреинстер некст колеџот и НУ Академиите за талентирани средношколци создаваат најголема платформа за младинско претприемништво во земјата, со мисија да ги подготват средношколците за идни професии и да им покажат дека идеите можат да станат реалност – со вистинска поддршка, знаење и труд.

„Натпреварот не е само трка за награда од 1.000.000 денари, туку патување низ учење, развој и инспирација, кое им овозможува на младите да изградат самодоверба, лидерски способности и вистински бизнис дух“, наведуваат организаторите. 

Најнови вести од: Македонија

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top