Македонија

Здружението на косовската УЧК ќе одржи во декември „мирен протест во Скопје на Албанците“ против судењето во Хаг на нејзините водачи

„Ќе одржиме мирен протест и во Македонија, бидејќи таму ги имаме нашите браќа-Албанци.“ – изјави претседателот на „Организацијата на воени ветерани“ на косовската УЧК Хисни Гуцати, најавувајќи го протестот во македонската метропола против судењето во Хашкиот трибунал на четворицата некогашни водачи на поранешната „Национална ослободителна армија“ – УЧК од Косово.

Хисни Гуцати во интервју за Газета Блиц ја откри локацијата на следниот протест по оној, најавен во Стразбур. Тој рече дека последниот протест за оваа година ќе се одржи во декември, а локацијата ќе биде, како што вели, „Скопје на Албанците“. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Актуале“.

Натаму порталот наведува: „Следната локација по изборите во Македонија ќе биде Скопје на Албанците. Последниот протест за оваа година ќе биде во декември. Нема да бидеме причина некој утре да ни каже дека здруженијата на војниците на УЧК дошле во Скопје и оти направиле погрешен потег. Не, ќе одржиме мирен протест во Македонија, бидејќи таму ги имаме нашите браќа Албанци.“ – изјави Гуцати. Организацијата на ветерани на Ослободителната војска на Косово одржа протести во Приштина, Хаг, а неодамна и во Тирана. – објави „Актуале“.

Инаку, на самиот финиш на предизборната кампања за локалните избори во Македонија, на два дена пред да се одржи првиот круг на гласањето, лидерот на ДУИ Али Ахмети ненадејно ги напушти предизборните карвани на коалицијата Национална алијанса за интеграција, предводена од ДУИ и реши да присуствува на 17 октомври на протестот во Тирана во знак на „поддршка на четворицата поранешни команданти на косовската УЧК“, на кои им се суди во Хашкиот трибунал за „воени злосторства против цивилно население“ во 90-тите години од минатиот век во Косово.

Во колумната со наслов „Карневалскиот протест во Тирана и Хаг“,која ја објави неодамна весникот на албански јазик „Лајм“ од Скопје, косовскиот публицист Идриз Зеќирај ги нападна со невидена жестина организаторите на „протестниот митинг за правда за водачите на косовската УЧК“ во Тирана, покрај другото, нагласувајќи: „Се Случи тоа лидери и експоненти на здруженија на УЧК и некои фантомски здруженија, наводно ’излезени од војната’, со поддршка на официјална Тирана повикаат на протест против Специјалниот суд за Косово, со седиште во Хаг! Еди Рама, албанскиот премиер-манипулатор треба да ги остави демагогијата и лажниот патриотизам. Дури, никаков патриотизам не е да го криеш со него својот криминал! Национален срам беше карневалскиот протест на плоштадот ’Скендербег‘ во Тирана. Некои криминални ‘божем команданти’, кои учествуваа на тој протест, го растурија системот на правдата, со цел да ги одбегнат одговорноста и полагањето сметки за нивните сериски криминали“.

А токму Али Ахмети беше еден од главните говорници на овој митинг на плоштадот „Скендербег“ во Тирана. Токму Ахмети им упати повик на Албанците од Македонија тогаш да присуствуваат колку што е можно помасовно на митингот во Тирана. Што значи, жестоките критики на Зеќирај, покрај другите, се однесуваа и на Али Ахмети и на неговиот „албански патриотизам“. Останува да се види дали и како ќе настапи Али Ахмети и на најавениот декемвриски „мирен протест“ во Скопје.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top