Македонија

Бислимовски: Американските санкции ја зголемија цената на нафтата

Регулаторна комисија за енергетика врз основа на тој пораст ја зголеми цената на дизелот за два денари

Американските санкции кон две компании од Русија, „Руск Нафт“ и „Лукоил“ минатата недела предизвикаа посериозен пораст на суровата нафта на светската берза, тој тренд продолжи и во текот на оваа недела и поради тоа имаме и зголемување на цената, псоебно на нафтените деривати“, вели првиот човек на Регулаторна комисија.

Марко Бислимовски, во гостување на Алсат, рече дека очекува цената на нафтата да се стабилизира и дека нема да има понатамошни покачувања на нафтените деривати.

Растот на цените на светските берзи, предизвика и зголемување и на цените на нафтените деривати на домашниот пазар и очекувам ова понатака да се стабилизира и да нема понатамошни зголемувања на цените на нафтените деривати.

„Ние како Регулаторна комисија за енергетика врз основа на тој пораст ја зголемивме цената на дизелот за два денари.

Тоа се работи на коишто ние како држава на ниту еден начин не можеме да влијаеме, значи тоа се надворешни влијанија, увезени влијанија, пред се поради воведување на санкциите кон двете најголеми руски компании во овој бизнис“, додава Бислимовски.

Инаку санкциите кои САД ги воведе кон руските нафтени компании не се очекува да предизвикаат негативен ефект во однос на снабдувањето со нафтени деривати кај нас затоа што скоро 86% од нафтата која е достапна во земјава е од увоз од Грција.

Согласно Годишниот извештај на РКЕ за 2024 година трговците на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт, го вршеле увозот на нафтените деривати во земјава од 11 држави, при што најмногу нафтени деривати биле увезени од соседните држави и тоа: од Грција 85,98%, од Бугарија 10,49%, Албанија 2,27%, Србија 0,96%, Црна Гора 0,15%, Романија 0,09% и мал процент на увоз од други земји.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

Најнови вести

To top