Македонија

Секој збор може да е казнет – од полноќ почнува изборниот молк за вториот круг

Вечерва на полноќ почнува изборниот молк за политичката кампања за Локалните избори 2025. Молкот, кој почнува вечерва во 0:01 часот, ќе трае до 19:00 часот на 2 ноември, односно денот на изборите во моментот на затворање на гласачките места. За време на молкот медиумите смеат да известуваат за изборите, како и за текот на гласањето, но смеат да објавуваат предизборно рекламирање на кандидатите и нивните партии.

Претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко, денеска упати апел до сите учесници во изборниот процес и до медиумите да го почитуваат изборниот молк кој започнува вечерва на полноќ, во пресрет на вториот круг од локалните избори. Тој ги охрабри граѓаните да го искористат своето демократско право и да излезат на гласање.

  • Ги повикуваме сите учесници во изборниот процес да го почитуваат изборниот молк, кој започнува по полноќ, како и сите изборни правила во текот на утрешниот ден кога гласаат болните и изнемоштените лица во своите домови, затворениците и старите лица во домовите за стари лица. Апелираме сите граѓани слободно и одговорно да го остварат своето право на глас. Гласањето е лично и тајно, согласно процедурите на ДИК – изјави Кондарко.

Тој додаде дека сите изборни комисии – избирачките и општинските – треба строго да ги почитуваат законските процедури и насоките во однос на постапката за гласање и утврдувањето на резултатите.

  • Важно е навремено и правилно да се постапува со доверливиот и недоверливиот изборен материјал – нагласи претседателот на ДИК.

ДИК информираше дека во текот на утрешниот ден ќе објави три соопштенија за текот и излезноста на гласањето на болните, изнемоштените и лицата во установи, чии резултати нема да бидат објавени пред недела, туку заедно со останатите гласачки места.

Во недела, на 2 ноември, Комисијата ќе објавува информации на секои два часа за отворањето на гласачките места и излезноста на гласачите. Прес-конференција со податоци за излезноста ќе се одржи по 19 часот, а првичните неофицијални резултати ќе почнат да пристигнуваат веднаш по потпишувањето на записниците. Очекувањата се дека завршната прес-конференција ќе се одржи околу 23 часот, кога ќе бидат објавени сите поединечни резултати.

Првичните официјални резултати од гласањето ќе бидат објавени в понеделник попладне, кога ќе започне и рокот за евентуални приговори.

На денешната седница, ДИК одобри акредитации за уште 29 набљудувачи од здружението „Wake up“. За вториот круг се акредитирани вкупно 1.598 набљудувачи – 933 домашни, 651 меѓународни и 14 странски новинари.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Новата мултиполарна реалност со проактивна дипломатија, водени од јасен национален, натпартиски надворешнополитички компас

Во време на големи геополитички пресврти нам ни е потребна дипломатија која е истовремено принципиелна и прагматична, втемелена во вредности, но отворена кон новите реалности, порача шефицата на државата

Јубилеен РЕсет со Реплек во Охрид: Десетто издание посветено на добросостојбата

По девет успешни изданија во различни градови низ земјава, „Реплек“ на 23 август во Охрид, со почеток во 19.00 часот, ќе го организира јубилејното десетто издание на РЕсет, платформа посветена на поттикнување здрави животни навики, физичка активност и грижа за добросостојбата. Во зеленилото на Голф клубот Охрид ќе се одржи тренинг на зајдисонце, на кој […]

To top