Македонија

Митровденска задушница – сеќавање на починатите

Денеска и утре посебен сообраќаен режим кон Градските гробишта Бутел и на сообраќајниците кон гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров

 

Митровденската задушница секогаш паѓа во саботата пред празникот Митровден.

Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите.

Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите.

На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Украина го нападна Туркстрим: Eдинствениот гасовод што го снабдува Балканот со гас, меѓу кои и Македонија

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, денеска остро реагираше на украински напад врз инфраструктурата на гасоводот Туркстрим во Русија, оценувајќи го како сериозна закана за енергетската безбедност на Унгарија и пошироко.

To top