Македонија Бизнис Свет

Кој има долари нека му ја мисли – курсот падна на најниско ниво во последните три години

Лоши вести на оние кои имаат долари повеќе од што треба, оти тие ја губат вредноста. На девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути минатата недела падна на најниско ниво во последните три години, но конфликтот меѓу Израел и Иран го потисна доларот малку назад од тие нивоа во петокот. Индексот на доларот, […]

Лоши вести на оние кои имаат долари повеќе од што треба, оти тие ја губат вредноста. На девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути минатата недела падна на најниско ниво во последните три години, но конфликтот меѓу Израел и Иран го потисна доларот малку назад од тие нивоа во петокот.

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американскиот долар во однос на шест главни валути, падна за 1,1 процент на 98,14 поени минатата недела. Еврото порасна за 1,4 проценти на 1,1550 долари.

Американската валута ослабе и во однос на јапонскиот јен, за 0,5 проценти, при што цената на доларот се лизна на 144,10 јени.

Падот на доларот втора недела по ред во голема мера се должи на неизвесноста на инвеститорите околу нејасната, каприциозна тарифна политика на американскиот претседател Доналд Трамп.

Како резултат на тоа, индексот на доларот падна на само 97,80 поени во четврток, што е најниско ниво од март 2022 година. Тој не беше поддржан од веста дека во вторник, по дводневниот состанок во Лондон, американските и кинеските претставници постигнаа договор за трговија.

„Нашиот договор со Кина е завршен, сè уште ни треба конечно одобрение од претседателот Си и мене“, рече американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој, исто така, истакна дека Кина ќе ги укине ограничувањата за трговија со ретки метали.

„Нашите царини ќе бидат 55 проценти, а кинеските ќе бидат 10 проценти“, рече Трамп.

Но, тоа не ја поддржа американската валута бидејќи, велат аналитичарите, многу детали за тоа како ќе се спроведе договорот се сè уште нејасни, а исто така е неизвесно како ќе завршат преговорите на Вашингтон со другите големи трговски партнери. Сепак, доларот беше поддржан во петокот од нападот на Израел врз Иран, бидејќи американската валута продолжува да се смета за побезбедно засолниште за капиталот во неизвесни времиња.

„Израелско-иранскиот конфликт дополнително ги вознемири инвеститорите, но царините и глобалната трговија остануваат најголема загриженост. Сепак, кога постои овој ризик од продолжен конфликт и ескалација на тој конфликт, доларот и златото стануваат побезбедни засолништа. Тоа е едноставно психолошка реакција“, објаснува Хуан Перез, директор во Monex USA.

Најнови вести од: Македонија Бизнис Свет

Доналд Трамп поднесе тужба против „Би-Би-Си“, бара отштета од 5 милијарди долари

Во својот говор на 6 јануари 2021 година, во пресрет на немирите во американскиот Капитол, Трамп рече на толпата: „Ќе одиме пеш до Капитол и ќе ги бодриме нашите храбри сенатори, конгресмени и конгресменки“. Повеќе од 50 минути подоцна во истиот говор, тој додаде: „И се бориме. Се бориме како луди“.

(Фото): Скопје на петто место по загаденост во светот

Со над дваесет пати гоголеми вредности на најштетните ПМ честички според просекот на СЗО и оценка дека воздухот не е здрав за вдишување, Скопје сега е трет град во светот по параметрите на загаденост, покажуваат податоците од платформата IQAir.

Наскоро нов булевар во Скопје – активно се работи на клучката кај Момин Поток

Активно се работи и на левиот крак од новиот мост на река Серава, преку кого ќе поминуваат коловозните ленти со правец од раскрсницата со булеварот Словенија кон клучката Момин Поток. За оваа делница конечно се пробива трасата, напиша градоначалникот на Скпоје, велејќи дека се отстрануваат објектите коиу се наоѓаат на трасата.

To top