Македонија

Муцунски: Не е само прашањето на уставни измени, туку и кои се гаранциите што ќе ги добие државата за предвидливоста на нејзиниот пат напред

„Добро е опозицијата да се обедини со Владата и со сите засегнати страни во државата, за да создадеме консензус околу прашањата на евроинтеграциите.“ – став на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

„Лидерот на СДСМ тврди дека решението од 2022 е добро решение. Тој тврди дека имаме анти-ЕУ надворешна политика и тоа често го има повторувано без концепт, кога ЕУ вели дека една од најсилните алки во системот на евроинтеграција е надворешната политика на државата. Мојата поента е: кој е легитимитетот и кој е кредибилитетот на луѓето, кои ја доведоа нашата држава во оваа позиција во европските интеграции да ценат оти јас немам обврска да им давам политички совет.“  – изјави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

Македонска информативна агенција – МИА

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top