Македонија

Ковачев очекува намалена реторика кон Бугарија по триумфот на Мицкоски на локалните избори

Бугарскиот европратеник го поздрави потпишувањето на договорот за прекуграничниот железнички тунел

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев од Брисел изрази очекување дека Македонија ќе ја намали реторијата кон Бугарија по убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори.

„Се надевам дека реториката во Република Северна Македонија ќе се намали, дека ќе ги надминеме омразата и фалсификатите што ги подметнаа тоталитарните режими, било да е тоа во Титова Југославија или во комунистичка Бугарија, откако премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски убедливо победи на изборите“, изјави европратеникот од Европската народна партија и член на Бирото на Европскиот парламент (ЕП) пред новинарите во Брисел.

Тој додаде дека ќе продолжи да инсистира на преговарачката рамка, во која експлицитно се споменува бугарската заедница, како и да се постигнат сериозни резултати во врска со билатералниот договор меѓу Бугарија и Македонија.

„Ова не е дополнителен услов. Ова е нешто што Република Северна Македонија го прифати како основа за преговорите за членство во Европската унија. Има работи во договорот од 2017 година кои се исклучително јасни. Не треба да има говор на омраза. Ова не се ниту европски, туку универзални човечки вредности. Не треба да биде опасно ако кажете дека сте Бугарин. Не треба да имате запрен кариерен развој. Вашите деца не треба да бидат навредувани во училиште, ниту да ви го уништат бизнисот“, рече Ковачев.

Тој даде пример дека меѓу Грција и Бугарија, и покрај противречностите во минатото, сега нема односи ни налик на тие меѓу Македонија и Бугарија.

Ковачев, исто така, изрази задоволство од договорот потпишан денеска за подготовка, изградба и експлоатација на прекуграничниот железнички тунел меѓу двете земји.

„Тажно е што ништо не е направено толку многу децении. Немаме железничка врска помеѓу Скопје и Софија и во поширок контекст помеѓу Јадранското и Црното Море. Ова е исклучително стратешки важно и во однос на новите реалности во светот и побрзото движење на одбранбената опрема“, рече тој.

 

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top