Свет

Трамп им вети по 2.000 долари на сите американски граѓани

Тој напиша дека само граѓани со високи приходи ќе бидат исклучени од оваа мерка

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека владата ќе им исплати на повеќето граѓани „дивиденда“ од најмалку 2.000 долари по лице, објави тој денеска на својата платформа Truth Social.

Тој напиша дека само граѓани со високи приходи ќе бидат исклучени од оваа мерка, без да наведе точно кои се тие нивоа на приходи или кога ќе почне исплатата, пренесе ДПА.

Во својата објава, Трамп ја пофали американската економија, наведувајќи дека царините ќе донесат „трилиони долари“ кои наскоро ќе можат да се искористат за намалување на огромниот државен долг.

– Луѓето кои се против царините се будали! напиша тој, додавајќи дека Соединетите Држави се „најбогатата и најпочитуваната земја во светот“, со „речиси никаква инфлација и рекорден берзански индекс. „

Американскиот претседател и претходно ја спомена идејата за исплата на пари на граѓаните, но тогаш не ја реализираше.

Најнови вести од: Свет

Во Израел се активираа сирените за воздушен напад, иранските телевизии повикуваат на џихад (ВИДЕО)

Во последните минути, низ целиот Израел се активирани сирени за воздушен напад и предупредувања за балистички ракети, како одговор на потенцијална иранска одмазда по израелско-американските удари врз Техеран и други цели во Иран.

Техеран под оган: Потврден е воздушен напад врз канцеларијата на врховниот водач, атомската агенција и воени комплекси

Во рамките на операцијата Operation Shield of Judah (Штитот на Јуда), која започна утрово, Израел и Соединетите Американски Држави извршија координирани превентивни удари врз повеќе стратешки цели во Иран. Операцијата е насочена кон неутрализација на заканите од иранската нуклеарна програма, балистички ракети и разузнавачки капацитети, со посебен акцент на Техеран како политичко и воено средиште.

To top