Македонија

Телма: Отповикани македонски амбасадори или со истечен мандат продолжуваат како В.Д.

Тројца од осумте амбасадори кои беа повлечени поради автентичното толкување на Законот за надворешни работи според кое тие без целосно завршна законска процедура биле упатени како амбасадори, остануваат да ги извршуваат амбасадорските позиции во мисиите каде се упатени, но сега како вршители на должност, дознава Телма Амбасадорите во Велика Британија, Катерина Ставреска, Во Бугарија, Агнеза […]

Тројца од осумте амбасадори кои беа повлечени поради автентичното толкување на Законот за надворешни работи според кое тие без целосно завршна законска процедура биле упатени како амбасадори, остануваат да ги извршуваат амбасадорските позиции во мисиите каде се упатени, но сега како вршители на должност, дознава Телма

Амбасадорите во Велика Британија, Катерина Ставреска, Во Бугарија, Агнеза Руси и во Џенк Сјфула во Шведска, чија дожност како амбасадори заврши на 30 април со указ за нивнот отповикување од претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова, сепак не се враќаат во земјава, туку продолжуваат да ги извршуваат амбасадорските функции во Лондон, Софија и Стокхолм.

Како вршители на должност во амбасадите се враќаат и уште две амбасадорки на кои редовно им истече мандатот, а кои исто така се од редот на кариерните дипломати.

Како вршител на должност во Советот на Европа во Стразбур, на шест месеци се враќа Светлана Гелева каде во тек меѓу другото тече изборот за Судија во судот за човекови права за каде Македонија треба да испрати листа од три свои кандидати. Во Холанадија како в.д. амбасадор на Македонија се враќа Бети Јачева, каде во јуни треба да се одржи самитот на НАТО.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top