Бизнис

Европската централна банка пресметува: Кога еврото ќе пристигне во нова форма?!

Се кројат плснови. Постојат стравувања дека стабилните монети поддржани од долари, за кои се залага американскиот претседател Доналд Трамп, би можеле да добијат упориште во Европа, давајќи нов импулс за решавање на недоразбирањето.

Европската централна банка планира да го лансира дигиталното евро во 2029 година, а подготвителната фаза за правната рамка треба да биде завршена овој месец. Службениците на ЕЦБ ќе одлучат за продолжување на подготвителната работа на состанокот оваа недела во Фиренца, Италија, објави Блумберг. Извори велат дека службениците сакаат да ја издадат валутата во 2029 година, под услов да е воспоставена правната рамка.

ЕЦБ започна двегодишна подготвителна фаза од проектот за дигитално евро во 2023 година, надевајќи се дека Европската Унија во меѓувреме ќе ги усвои правилата потребни за воведување на дигиталниот еквивалент на банкнотите и монетите.

Подготвителната фаза на правната рамка за новото евро треба да биде завршена овој месец.

Нема единство меѓу владите

Сепак, националните влади и Европскиот парламент сè уште не се согласиле за ова. Најголемата пречка доаѓа од Европската народна партија, од чии редови некои пратеници претпочитаа да бараат алтернатива од приватниот сектор на дигиталното решение на ЕЦБ.

Притисокот за прекин на несогласувањето расте, бидејќи европските креатори на монетарна политика се жалат на прекумерна зависност од американските фирми како што се Visa, MasterCard и PayPal за малопродажни плаќања.

Дополнително, постојат стравувања дека стабилните монети поддржани од долари, за кои се залага американскиот претседател Доналд Трамп, би можеле да добијат упориште во Европа, давајќи нов импулс за решавање на недоразбирањето.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

To top