Македонија

Презентирани фото и видеодокази од средбите за примање поткуп во случајот „Геријатрија“

Одбраната донесе свои сведоци

Со изведување материјални докази од Обвинителството денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за случајот „Геријатрија” за примање поткуп, против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, Мухсин Арифи и Блерим Амити за примање награда за противзаконито влијание.

Во судница беа презентирани докази – фото и видео материјали прибавени со примена на посебни истражни мерки, како извештаи од средби меѓу обвинетиот Блерим Амити и сведокот на повеќе локации во Скопје, како и од средби подоцна во истиот ден во април годинава меѓу првообвинетиот Мухсин Арифи и Блерим Амити.

Во судница беа презентирани и фотографии и видео материјал од средба на 4 април годинава меѓу двајцата обвинети и сведокот, како и од средби на критичниот ден на 8 април годинава кога се врши предавањето на средствата.

На денешното рочиште беше сослушан и сведок, предложен од одбраната на обвинетите, кој рече дека за случајот знае, зошто поранешен колега од претходно додека работел во КПУ Идризово, го прашувал дали го познава Мухсин Арифи, зошто, како што му рекол, имал братучед со многу болна жена за да одат до кај него да прашаат која е процедурата за таа да се прими на Геријатрија.

Сведокот рече дека му рекол дека лично не го знае, а бидејќи го замолил, дека ќе му се јави преку месинџер да го праша дали сака да ги прими. Колегата подоцна му кажал дека директорот ги примил и имале многу убав разговор. Сведокот, како што рече, после тоа нема никаков контакт.

Сведокот, одговарајќи на прашање, нагласи дека ниту се видел, ниту со никого зборел или барал пари за да договори средба со директорот.

Судскиот процес го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението е обвинителката Искра Хаџи Василева.

Судењето продолжува на 24 ноември, со испитување на сведоци предложени од одбраната.

Претходно, обвинетите се изјаснија дека не чувствуваат вина за делата што им се ставаат на товар.

Според обвинителниот акт, Арифи побарал имотна корист од 20.000 евра за да овозможи болнички прием на пациентка во тешка здравствена состојба. Амити, кој претходно го познавал сведокот, се понудил да посредува и ја примил паричната сума, при што бил фатен на самото место од страна на полицијата.

 

Фото: МИА

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски: Долгот е над 300 милиони евра, 500 лица не доаѓале на работа а земале плата

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, откри дека вкупниот долг на јавните претпријатија на градот надминува 300 милиони евра – значително повеќе од првично очекуваните 200 милиони.

Надлежните редовно да чистат, а несовесните граѓани да се казнуваат – порака од скопјани

Скопје се чисти, но дали навиките ќе се променат? Граѓаните задоволни од акцијата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, но апелираат надлежните да продолжат редовно да го чистат градот, а скопјани да имаат поголема свест и да ја чуваат чиста околината. Сметаат дека само удар по џебот и големи казни за несовесните кои фрлаат отпад насекаде- е […]

Анкетно истражување: Младите од Македонија позитивно гледаат на ЕУ, но се сомничави дека некогаш ќе стане нејзина членка!

„Мнозинството млади луѓе во Република Македонија гледаат позитивно на Европската унија, но речиси половина од нив не веруваат дека државата некогаш ќе стане членка на Унијата. Тоа го потврдува растечкиот евроскептицизам кај младите во земјите– кандидати за членство во блокот,“ – ова се наведува во публикацијата „Справување со младинскиот евроскептицизам на Западниот Балкан: Случајот на […]

Јовановски ја презеде функцијата градоначалник на Кичево: Ќе го градиме еднакво за сите, без разлика на политичка, етничка или верска припадност!

„Изборите завршија, посакувам мир за нашите граѓани. Можеби сум направил грешки и за секоја грешка се извинувам на секој граѓанин, кој можеби бил засегнат.“ – изјави досегашниот градоначалник на Кичево Фатмир Дехари на денешното примопредавање на должноста со новиот градоначалник д-р Александар Јовановски.

Кривична пријава и 30-дневен притвор за полицаец, оти крадел бакарни кабли во Скопје со тројца соизвршители

„Предлог за утврдување дисциплинска одговорност и задолжителна мерка отстранување од работното место – суспензија на полицаецот Н.А., сторител на оваа тешка кражба.“ – соопшти Министерството за внатрешни работи.

To top