Македонија

Ѓорѓиевски открива шокантни детали за комуналното претпријатие и за ЈСП

Решен сум да воведам ред во главниот град, а тоа неизбежно подразбира и казнување на прекршителите.

Решен сум да воведам ред во главниот град, а тоа неизбежно подразбира и казнување на прекршителите. Досега изрековме над четириесет казни и ќе продолжиме сè додека целосно не ги изолираме овие девијантни појави, изјави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по завршувањето на 72-часовната акција за чистење на метрополата.

Тој откри дека при преземањето на функцијата затекнал само шеснаесет функционални камиони во ЈП „Комунална хигиена“, поради неплатени долгови за сервисирање. Во интервју за ТВ Сител, Ѓорѓиевски пофали дека сервисерите излегле во пресрет, па сега на терен работат над четириесет оперативни машини, а во наредните денови се очекува бројот да достигне шеесет, со што претпријатието конечно ќе биде целосно оперативно. Со премиерот е договорено и набавка на нови возила.

„Граѓаните редовно плаќаа во изминатиот период, но, за жал, не ги добиваа услугите за кои плаќаа. Мојата задача е, без оглед на изворот на проблемот, да најдам брзо и ефикасно решение. Само така ја сфаќам довербата што ми ја укажаа граѓаните“, рече Ѓорѓиевски.

Во соработка со општествено одговорни компании, по течението на Вардар ќе бидат поставени заштитни мрежи за спречување на загадување на речното корито – практика присутна во многу европски метрополи, а која, според градоначалникот, не го нарушува живиот свет. Тој повика и централните институции, како Министерството за животна средина и просторно планирање, да се вклучат во санкционирањето, бидејќи само Град Скопје не може да го реши проблемот.

Градежните активности ќе започнат по зимата, а до тогаш приоритет ќе биде расчистување на парковите и депониите.

„Вардариште конечно се расчистува – во тек е процес на одгасување. Девијантните практики од минатото ќе останат зад нас. Никој повеќе нема да биде сведок на тие слики, ниту народот ќе се труе со децении, како што тоа, за жал, беше случај. Ист третман ќе добијат и останатите жаришта – Визбегово, Шуто Оризари, Лепенец и другите“, најави Ѓорѓиевски.

За загадувањето на воздухот рече дека решението не е едноставно и дека зависи од сите нас. Во наредниот период ќе се работи на проширување на топлификациската мрежа, а со експерти се консултира и за преработка на отпадот во „Дрисла“ како едно од клучните жаришта.

Градоначалникот останува на ставот дека ЈП „Комунална хигиена“ треба да биде расформирано и поделено по општини според бројот на жители.

„Но сега не сме подготвени за тоа – механизацијата е недоволна и би предизвикале хаос. Идејата не ја отфрлам, но прво мора да ги зајакнеме капацитетите. Ќе изградиме силни, самоодржливи јавни претпријатија во служба на граѓаните“, истакна тој.

За јавниот превоз, Ѓорѓиевски откри дека постоела одлука за вклучување на околу двесте автобуси на приватните превозници, но квотата не била исполнета – во оптек биле само четириесет до педесет. Возниот парк на ЈСП е десеткуван: моментално работат 160 автобуси, а потребни се најмалку 270 за нормално функционирање без доцнења.

Долгот на ЈСП кон приватните превозници изнесува околу три милиони евра. Средствата се обезбедуваат, а начинот на исплата ќе биде договорен.

Обновата на возниот парк е во тек: во март преку Владата и Министерството за транспорт пристигнуваат осумдесет еколошки автобуси за Скопје, а уште седумдесет за останатите градови.

Во петок Град Скопје ќе одржи седница за буџетот. Ѓорѓиевски очекува реализација на проектите благодарение на апсолутното мнозинство во Советот и изрази подготвеност за соработка.

„Советниците во мене не треба да гледаат непријател, ниту јас во нив. Заедно треба да работиме за што повеќе проекти во интерес на граѓаните“, додаде градоначалникот.

Најнови вести од: Македонија

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top