Свет

Трамп вели дека има „обврска“ да ја тужи Би-Би-Си

Ќе бара 1 милијарда долари отштета освен ако корпорацијата не издаде повлекување на монтиран документарец со негов говор, ако не се извини и доколку не го обештети

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има „обврска“ да ја тужи Би-Би-Си поради начинот на кој дел од неговиот говор бил монтиран во документарецот „Панорама“.

Во разговор за „Фокс њуз“, тој рече дека неговиот говор од 6 јануари 2021 година бил „извалкан“ и дека начинот на кој бил презентиран ги „измамил“ гледачите, пренесе Би-Би-Си.

Ова е прв пат Трамп јавно да зборува за ова прашање откако неговите адвокати го известија Би-Би-Си и рекоа дека ќе биде тужен за 1 милијарда долари отштета освен ако корпорацијата не издаде повлекување, не се извини и не го обештети.

Во гостување на „Фокс њуз“, претседателот беше прашан дали ќе продолжи со тужбата, одговарајќи „па, претпоставувам дека морам, знаете, зошто да не, бидејќи ја измамија јавноста и го признаа тоа“.

Трамп продолжи: „Всушност, тие го променија мојот говор од 6 јануари, кој беше прекрасен говор, кој беше многу смирувачки говор, и го направија да звучи радикално…. Она што го направија беше прилично неверојатно.“

На повторно прашање дали ќе продолжи со правната постапка, тој рече: „Па, мислам дека имам обврска да го сторам тоа, бидејќи не можете да ги натерате луѓето, не можете да им дозволите на луѓето да го прават тоа.“

Интервјуто за Фокс њуз беше снимено во понеделник, иако делот што се однесува на Би-Би-Си не беше објавен од Фокс њуз до доцна во вторник навечер во САД.

Би-Би-Си го доби писмото од адвокатите на Трамп во недела. Во него се бара „целосно и фер повлекување“ на документарецот, извинување и Би-Би-Си „соодветно да му надомести на претседателот Трамп за предизвиканата штета“.

Во него се поставува рок до 22:00 часот во петок за одговор на корпорацијата.

Би-Би-Си соопшти дека ќе одговори навреме.

Доналд Трамп се закани со тужба кон Би-Би-Си, ќе бара отштета од милијарда долари

Најнови вести од: Свет

Рекорден пад на нафтените резерви ширум светот

Резервите на нафта ширум светот се намалуваат со рекордно темпо и ќе продолжат да опаѓаат со месеци, бидејќи нарушувањето на снабдувањето од Блискиот Исток поради војната со Иран се интензивира, според Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).

Дури 45 милиони луѓе би можеле да гладуваат поради недостаток на ѓубрива чии патишта се блокирани

Работната група на ОН оцени дека отворањето на теснецот е клучно за стабилизирање на глобалниот пазар на храна, бидејќи отсуството на ѓубрива во оваа фаза од земјоделскиот циклус би можело да има долгорочни последици врз приносите низ целиот свет.

Маск повторно до Трамп: Најбогатиот човек го придружува претседателот во Кина, но недостасува едно клучно име

Шеснаесет извршни директори на најголемите американски компании, меѓу кои се Илон Маск од Тесла и Тим Кук од Епл, ќе го придружуваат претседателот Доналд Трамп на неговото патување во Кина оваа недела, соопшти Белата куќа.

To top