Македонија

IN MEMORIAM – Славица Свидерска

Преведувана е на десетина јазици и добитничка е на повеќе поетски награди во земјава и во странство

 

 

Друштвото на писателите на Македонија со длабока тага и жалење ја известува јавноста дека денеска, 12.11.2025 г. почина поетесата Славица Свидерска (1984, Битола). Доктор по филолошки науки. Лекторка по македонски јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Факултетот за странски јазици во Тирана.

Зад себе остави богато поетско, есеистичко и научно творештво од областа на теорија на книжевноста. Преведувана е на десетина јазици и добитничка е на повеќе поетски награди во земјава и во странство. Авторка е на поетските книги „Бесконечност“ (2001), „Писма“ (2012), „Политики на љубовта“ (2015), „Тела“ (2016), „Политики на стравот“ (2021), Golgotha Feminarum (2023), „Мистичен си свету“ (2025), научните монографии „Книжевноста и дискурсите на моќта“ (2013), „Книжевноста и политичкото насилство“ (2018), како и книжевно-филозофските есеи „За смислата и за апсурдот“ (2017).

 

Погребот ќе се одржи утре, 13.11. од 11 до 12 часот на Светонеделските гробишта во Битола.

 

Вечен ѝ спомен!

Најнови вести од: Македонија

Индиецот го ископал од гробот и го донел скелетот на починатата сестра во банката, за да може да ја подигне нејзината заштеда! (Видео)

Маж од Источна Индија тврди дека бил принуден да го однесе скелетот на неговата сестра во банка за да ја докаже нејзината смрт откако не успеал да ги повлече нејзините заштеди. Видео од државата Одиша, на кое 52-годишниот Џиту Мунданоси носи скелет во банка, стана вирално и предизвика јавен бес. Тој тврди дека го направил тоа од фрустрација бидејќи не можел да пристапи до парите, бидејќи немал официјален доказ за смрт.

АНБ разби радикална терористичка група поврзани со Исламска држава и со обидот за палежот на еврејската синагога во Скопје!

Агенцијата за национална безбедност согласно своите надлежности презеде оперативно-технички и аналитички мерки и активности со цел идентификување на мотивите и непосредните извршители на обидот за опожарување на објектот на Еврејска заедница во Скопје. Во таа насока од страна на Агенцијата се прибраа информации и беа идентификувани лица – најверојатни извршители и нивна логистичка мрежа, како и повеќе објекти во Скопје, кои според нашите индиции, како дел од радикална групација идеолошки надоврзани на глобалната мрежа на Исламска држава, непосредно по повикот на споменатата терористичка организација од почетокот на април, презедоа насилни активности.

Поранешниот градоначалник на Струмица „заработи“ кривична пријава, поради сомнеж за злоупотреба на овластувањата – потпишал изградба на дивоградба!

Поднесена е кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица и уште четири лица за „несовесно работење во службата“, злоупотреба на службена положба и овластување“ и „бесправно градење“

Приведени седуммина за обидот за палење на синагогата на Еврејската заедница во Скопје, одреден притвор за двајца поради сомнеж за „тероризам“

Министерството за внатрешни работи го расчисти случајот со обидот за опожарување на верскиот објект на Еврејската заедница во Скопје на 12.04.2026 околу 5 часот изутрината. Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со СВР Скопје и Агенцијата за национална безбедност. Беа преземени повеќе оперативно- тактички мерки на подрачје на град Скопје.

Најнови вести

To top