Македонија

Касами поддржува идеја за Спомен-парк за жртвите од Модуларната болница

Запрашан за барањето на групата „Нулта иницијативата,“ просторот каде што се наоѓаше Модуларната болница да се трансформира во спомен-парк, градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, рече дека ќе ја поддржи секоја иницијатива за жртвите од трагичниот пожар. „Општина Тетово ќе поддржи сè што е поврзано со трагедијата во Модуларната болница. Го нагласувавме тоа во минатото, […]

Запрашан за барањето на групата „Нулта иницијативата,“ просторот каде што се наоѓаше Модуларната болница да се трансформира во спомен-парк, градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, рече дека ќе ја поддржи секоја иницијатива за жртвите од трагичниот пожар.

„Општина Тетово ќе поддржи сè што е поврзано со трагедијата во Модуларната болница.
Го нагласувавме тоа во минатото, но го повторуваме и сега – бараме од институциите на правдата да го разјаснат овој случај и семејствата на жртвите да ја добијат правдата што ја заслужуваат.

Ние, како локална самоуправа, сме подготвени да поддржиме секоја иницијатива за барем семејствата на жртвите од Модуларната болница да имаат малку духовна утеха“, рече Касами.

Најнови вести од: Македонија

Унгарскиот премиер Маѓар ја пречека Сиљановска-Давкова во Будимпешта

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, престојува во официјална посета на Будимпешта, каде што присуствува на високите државни и културни манифестации по повод одбележувањето на јубилејната 70-годишнина од Унгарската револуција од 1956 година

To top