Македонија

Одложено судењето на поранешните директори на Агенцијата за млади и спорт

Основниот кривичен суд Скопје го одложи денешното рочиште за случајот со злоупотребата на државните спортски ваучери, во кој се обвинети вкупно 12 лица, меѓу кои и поранешните директори на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и Наумче Мојсовски.

Основниот кривичен суд Скопје го одложи денешното рочиште за случајот со злоупотребата на државните спортски ваучери, во кој се обвинети вкупно 12 лица, меѓу кои и поранешните директори на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и Наумче Мојсовски.

Од судот информираа дека постапката ќе продолжи во редовен тек, а следното рочиште ќе се одржи според однапред утврдените термини. На почетокот на годината, судењето започна од нула поради промена во составот на Судечкиот совет – судијката Џенета Бектовиќ, која претходно го водеше предметот, стана член на Судскиот совет, а нејзиното место го зазеде судијката Фросина Стојаноска.

На денешното рочиште требаше да продолжи доказната постапка и судот да одлучи по неколку барања на одбраната, вклучително и за прекин на постапката, поднесено од адвокатот Петре Шилегов, бранител на Каевски. Одбраната бара или прекин на постапката или повлекување на обвинителниот акт, повикувајќи се на измените во Законот за спорт, со кои – според нив – е укинат членот што бил основа за наводните злоупотреби.

Обвинителството, пак, тврди дека измените во Законот не претставуваат декриминализација, бидејќи кривичното дело „злоупотреба на службената положба“ се однесува на дејствието, а не на конкретен член од материјалниот закон.

Обвинителката Лидија Раичевиќ претходно истакна дека доказите се веќе доставени и дека нема правна основа за запирање на постапката, нагласувајќи дека станува збор за сериозен предмет кој мора да продолжи во редовна судска постапка.

Случајот, познат како „спортски ваучери“, се однесува на наводни злоупотреби при распределбата на државните средства наменети за поддршка на спортот.

Освен Каевски и Мојсовски, меѓу обвинетите се и претседателот на Македонскиот олимписки комитет Даниел Димевски, како и Огнен Стојановски, Ѓорѓи Тасев, Наташа Смилевска, Бејтула Емини, Дриљон Леши, Мијази Елмазов, Иван Миновски, Даниел Каров и Сашо Поповски.

Тие се товарат за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“. На првото рочиште во јануари сите се изјаснија дека не се виновни.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): 25 години СОС Детско село – четврт век поддршка што менува животи

Под слоганот „Менуваме животи“, СОС Детско село одбележа 25 години постоење и работа во Македонија со јубилеен настан во Македонскиот народен театар, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Признание за квалитет и гостопримство: „Limak Skopje Luxury Hotel“ е најдобар сместувачки капацитет за 2026 година

Добриот хотел е многу повеќе од адреса на која се престојува. Тој е место што го дефинира првиот впечаток за еден град, простор за деловни средби и одмор, но и место што остава трага долго по заминувањето. Токму затоа наградата „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“ има посебно значење за Limak Skopje Luxury Hotel.

Сиљановска-Давкова очекува ново поглавје со Грција со bona fide политика

Грчкиот амбасадор најавил грчка поддршка на македонскиот пат кон ЕУ, информирајќи дека проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе биде приоритет на грчката агенда за време на претседавањето

To top