Македонија

Беџети: Нема да ме исплашите со нарачани и фабрикувани кривични пријави

Беџети одговара на кривичната пријава од Финансова

Немојте да мислите дека со овие „операции“, политички конструкции, фабрикувани кривични пријави или обиди за уцена можете да ме вратите назад, да ме исплашите или да ме натерате да отстапам од моите политички ставови. Ова го вели пратеникот од редовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Блерим Беџети, реагирајќи на кривичната пријава што против него и уште седум лица вработени во општина Сарај и во Градот Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје ја поднесе Управата за финансиска полиција.

Беџети за кривичната пријава реагира преку објава на социјалните мрежи, во која вели дека оваа влада „предводена од антиалбански и вазалски структури“, многу греши ако мисли дека може да го замолчи „мојот глас и да ме заплаши“.

„Сум поминал многу поголеми политички притисоци од овие. Не отстапив тогаш и нема да отстапам ниту денес. Нарачaните пријави не ме заплашуваат. Напротив, ми даваат уште поголем мотив да останам на страната на граѓаните и да се борам за отчетност, правда и демократија. Јас не се плашам. Вистината не се затвора со политички пријави“,

вели Беџети во реакцијата на Фејсбук.

Прашан за коментар околу кривичната пријава против Беџети, премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави оти уште на почетокот кажале дека секаде каде што постои основано сомневање кое е поткрепено со докази тие како Влада ќе дејствуваат.

„Нема да правиме од тоа естрада, нема да упаѓаме дома со специјални единици, едноставно правдата мора да биде наш императив и така се однесуваме и така ќе се однесуваме без разлика дали тој што сторил неправда е поранешен функционер, сегашен функционер итн. Мислам дека за повеќе детали треба да се обратите до Финансиската полиција и да ги оставиме органите, Обвинителството и судството да си ја работат својата работа, а јас повеќе не би коментирал“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за време на денешната посета на општина Аеродром.

Финансиската полиција денеска соопшти дека поднела кривична пријава против поранешен градоначалник на Општина Сарај, шестмина вработени во општината и во Град Скопје, како и еден надзорен инженер поради сомнежи за злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, и фалсификување и уништување на деловни книги.

Криминал тежок 1,7 милион евра- кривична пријава за Блерим Беџети и службеници во Сарај и Град Скопје

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Речиси целосно пробиена трасата на булеварот „Борис Трајковски“ кон Драчево

По долгогодишно чекање, булеварот „Борис Трајковски“ конечно добива решение, со што се исполнува едно од најважните инфраструктурни очекувања на жителите од овој дел на Скопје.

„Комунална хигиена“ со 12 милиони евра долгови и 60% од возилата расипани

Државната ревизија ја прочешла документацијата за 2024 година на Јавното претпријатие Комунална Хигиена Скопје. Според наодите на ревизорите компанијата има проблем со наплататата на нивната услуга, потоа забележано е нерационално управување со залихите, но констатирана е и намалена ликвидност.

To top