Свет

Италија отвори истрага за „снајперските туристи“ кои од задоволство убивале цивили во Босна

Обвинителите во Милано отворија истрага за Италијанци кои наводно им плаќале на припадници на војската на босанските Срби за да можат да убиваат граѓани за време на четиригодишната опсада на Сараево во 1990-тите.

Обвинителите во Милано отворија истрага за Италијанци кои наводно им плаќале на припадници на војската на босанските Срби за да можат да убиваат граѓани за време на четиригодишната опсада на Сараево во 1990-тите.

Повеќе од 10.000 луѓе беа убиени во Сараево од гранати и снајперски оган меѓу 1992 и 1996 година. Снајперистите беа можеби најстрашниот елемент од животот под опсада во Сараево бидејќи тие убиваа луѓе на улиците по случаен избор, вклучувајќи деца.

Се тврди дека Италијанци и други странци учествувале во масакрот како „снајперски туристи“ откако плаќале големи суми пари на српските војници за да бидат превезени до ридовите околу Сараево и да пукаат во населението од задоволство.

Обвинителите од Милано предводени од Алесандро Гоби започнаа истрага која има за цел да ги идентификува вмешаните Италијанци. Истрагата произлезе од тужба поднесена од писателот Ецио Гавацени, кој собрал докази за обвинувањата и од извештај испратен од поранешната градоначалничка на Сараево, Бењамина Кариќ.

Гавацени кажа дека првпат слушнал за наводните снајперски туристи од италијанскиот печат во 1990-тите, но почнал да истражува понатаму откако го гледал „Сараево сафари“, документарец на словенечкиот режисер Миран Зупанич од 2022 година.

Во документарецот, поранешен српски војник тврди дека групи западњаци пукале врз цивилното население од ридовите околу Сараево, што беше жестоко негирано од српските воени ветерани.

„‘Сараево сафари беше почетната точка. Потоа ја проширив мојата истрага сè додека не собрав доволно материјал за да им го презентирам на обвинителите во Милано“, вели Гавацени.

Тој кажа дека биле вклучени „многу, многу, многу Италијанци“, без да даде бројка.

Имало и Германци, Французи, Англичани, луѓе од сите западни земји, кои платиле големи суми пари за да бидат однесени таму и да пукаат во цивили. Немало политички или религиозни мотиви. Тие биле богати луѓе кои оделе таму за забава и лично задоволство. Зборуваме за луѓе кои сакаат оружје, а можеби одат и на сафари во Африка“, кажа Гавацени.

Тој вели дека идентификувал некои од италијанските граѓани за кои се тврди дека биле вмешани и очекува да бидат испрашани од обвинителите во наредните недели.

Најнови вести од: Свет

Трамп повторно побара од сојузниците да помогнат во деблокирање на Ормуски Теснец

Некои беа многу воодушевени, некои не. Меѓу нив има земји на кои им помагавме многу, многу години. Ги заштитивме од ужасни надворешни закани, а тие не беа воодушевени да помогнат. Нивото на ентузијазам е важно за мене, истакна Трамп

Првите танкери поминаа низ Ормускиот теснец – цената на нафтата променета

Американскиот претседател Доналд Трамп бара од другите земји да помогнат во обезбедувањето на теснецот, додека се консултира со сојузниците за заштита на танкерите. Трамп нареди воздушни напади врз иранските воени цели на островот Харг, но нагласи дека објектите за нафтена инфраструктура засега се неповредени.

(Фото): Оскари 2026: „Една битка по друга“ – најдобар филм

„Една битка по друга“ (One Battle After Another), револуционерна сага на Пол Томас Андерсон со шест награди Оскар, меѓу кои за најдобар филм и за најдобар режисер триумфираше на 98. свечено доделувањето на најпрестижните филмски награди што се одржаа синоќа во Долби театарот во Лос Анџелес, САД. Политичкиот трилер/акција, следи група поранешни револуционери кои се обединуваат да ја спасат ќерката на еден од своите, кога по 16 години ќе се појави заедничкиот непријател.

Туск: Претседателот Навроцки и десничарите ја водат Полска да ја напушти ЕУ, тоа е реална закана! Се обидуваат да ја распаднат ЕУ!

Можното излегување од Европската Унија за Полска сега е „реална закана“, предупреди полскиот премиер Доналд Туск. Тој ги обвини претседателот Карол Навроцки и десничарските опозициски партии дека ја водат земјата кон напуштање на блокот, охрабрени од сојузниците од Москва до движењето МАГА со седиште во САД. Во објава на социјалните мрежи, Туск рече дека фракциите на крајнодесничарската Конфедерација и мнозинството пратеници од националистичката партија Право и правда (ПиС) сакаат да ја извадат Полска од ЕУ. Тој го нарече таквиот исход „катастрофа“ и вети дека ќе „стори сè“ за да го спречи тоа.

Остра критика на Борел за Лаен и Калас: ЕУ ги надминува надлежностите и ја губи доверливоста, зашто не му се спротивставува на Трамп

Поранешниот висок претставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел остро го критикува сегашното раководство на Унијата, вклучувајќи ги и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен и неговата наследничка Каја Калас, затоа што, како што оцени, „Брисел не се залагал доволно за меѓународното право во случајот со Иран“. Борел е најновиот во низата шпански социјалисти сојузници на Фон дер Лаен, кои истакнуваат дека ЕУ не направила доволно за да го почитува меѓународното право по војната на САД против Иран, која е „нелегална и не е оправдана со непосредна закана, како што тврдат некои“.

Се продлабочува расколот со Трамп и МАГА на Карлсон, кој тврди дека „ЦИА му ги чита пораките и подготвува можни обвиненија“

Поранешниот водител на Фокс њуз, познатиот американски новинар Такер Карлсон тврди дека американските разузнавачки служби „го истражуваат, поради разговори со луѓе во Иран“. Тој вели дека “Централната разузнавачка агенција – ЦИА  ги чита неговите пораки“ и оти „подготвува можни обвиненија“.

To top