Свет

Би-Би-Си му се извини на Трамп

Сервисот да го отстрани монтираното видео, јавно да му се извини на Трамп и да му исплати до 1 милијарда долари отштета

Британскиот јавен радиодифузен сервис Би-Би-Си испрати лично извинување до американскиот претседател Доналд Трамп, но рече дека нема законска основа неговите адвокати да поднесат тужба за клевета поради документарец емитуван на програмата Панорама непосредно пред претседателските избори во САД во 2024 година.

Документарецот содржеше монтиран извадок од говорот на Трамп од 6 јануари 2021 година, кога неговите поддржувачи го нападнаа Капитол. Монтажата остави впечаток дека тој повикува на насилство.

Во соопштението, Би-Би-Си призна дека „жали за начинот на кој е монтирано видеото“, но категорично ја негираше можноста за тужба за клевета.

Адвокатите на Трамп му дадоа рок да го отстрани филмот, јавно да се извини и да му исплати до 1 милијарда долари отштета за „финансиска и репутациска штета“.

Вчера, претседателот на Би-Би-Си, Самир Шах, испрати лично писмо до Белата куќа во кое се извинува и признава дека станува збор за „грешка во проценката“.

Трамп вели дека има „обврска“ да ја тужи Би-Би-Си

Скандалот се зголеми откако Телеграф објави нови обвинувања дека друга програма на Би-Би-Си, „Newsnight“, го монтирала истиот говор на Трамп.

Како резултат на тоа, двајца високи раководители во медиумот поднесоа оставки, а Би-Би-Си се соочи со најсериозната криза во последните децении.

Финансирана во голема мера од надоместокот за лиценца од британските домаќинства, Би-Би-Си моментално е без постојан генерален директор, додека владата на Кир Стармер дискутира за нејзиниот иден модел на финансирање.

Во изјава, премиерот го нагласи своето верување во „силна и независна Би-Би-Си како клучен елемент на меката моќ на Велика Британија во светот“.

 

Најнови вести од: Свет

Иранска државна телевизија: Мохтаба Хамнеи е ранет од непријателот во војната

Водителите читаа извештаи во кои се нагласува дека тој е ранет од непријателот, но не беа дадени никакви дополнителни детали за природата, времето или тежината на повредата, ниту пак за неговата моментална здравствена состојба.

На 17 години се бореше на фронтот – сега Мојтаба Хаменеи ја води „светата“ војна против Америка (ВИДЕО)

Во време на ескалација на конфликтот меѓу Соединетите Американски Држави, Израел и Иран, вниманието на глобалната јавност е насочено кон новиот врховен водач на Исламската Република Иран, Мојтаба Хаменеи.

To top