Македонија

Првите 17 километри од Гостивар-Букојчани се пробиени

Николоски најави дека изборот на изведувачи за автопатите Скопје-Блаце и Кичево-Букојчани ќе биде завршен во декември, а градежните активности ќе почнат веднаш или напролет

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во вечерашното интервју за „ТВ Алсат“ најави дека очекува во декември да бидат избрани изведувачите за изградба на автопатите Скопје-Блаце и Кичево-Букојчани, кои се дел од Коридор 8.

– Доколку дозволат временските услови, веднаш ќе почне да се работи, а ако не, тогаш напролет. Рокот за поднесување на понуди заврши, добивме сериозни понуди и најмалку три од нив се во рамки на буџетот за Скопје-Блаце, а исто така има три понуди и за автопатот Кичево-Букојчани – изјави Николоски.

Министерот нагласи дека проектот за Скопје-Блаце е стабилизиран и вратен во рамки на договорената цена со ЕБОР, по што се очекува реализација со кредит од 166 милиони евра и грант од 30 милиони евра.

– Она што наследивме беа 27 милиони евра по километар, што не е одржливо. Сега проектот е во рамки на буџетот и очекувам во првата половина на декември да се избере изведувач, со рок од 2,5 години за завршување – додаде Николоски.

Вицепремиерот истакна дека се работи и на проект за целосна реконструкција и рехабилитација на обиколницата на Скопје, која се протега од Арачиново до Ѓорче Петров, како и на другите автопати на Коридор 8, вклучувајќи го и Тетово-Гостивар.

– На Тетово-Гостивар имавме одредени проблеми со рушење на објекти, но се решаваат и се експроприра земјиштето. На проектот Гостивар-Букојчани, од вкупните 33 км, првите 17 км се пробиени. Од пролет ќе започне изградба од страната на Букојчани, а ова ќе биде првиот автопат што ќе се спојува на пола – рече Николоски.

Министерот најави и дека во првата половина на декември ќе се пуштат во сообраќај нови делници од автопатот Кичево-Охрид, што значително ќе го подобри сообраќајот и поврзаноста на регионот.

– Со овие проекти го унапредуваме транспортниот систем, ја зголемуваме безбедноста и ја подобруваме мобилноста во целата земја – заклучи заменик-претседателот на Владата.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top