Бизнис

(Видео): Граѓаните да се спокојни, Буџетот за 2026 е одговорно планиран, рече министерката за финансии

В година државата треба да врати долгови во износ од 2 милијарди евра, создадени со крајно неодговорно и, како што нагласи, душманско и неконтролирано трошење во минатото, но увери дека граѓаните треба да бидат спокојни.

Изработката на Буџетот за 2026 година претставуваше сериозен и комплексен предизвик, пред сè поради обврската на Владата за фискална консолидација, но со него се продолжува стратегијата за рационално и дисциплинирано користење на јавните средства, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска -Кочоска во гостувањето во Дневникот на Сител.

  • „Ова е процес кој логично требаше да биде спроведен од претходната влада, особено во услови на висока инфлација. Но, тоа не се случи, па целиот товар падна на нас”, рече министерката.

Димитриеска-Кочоска потсети дека следната година државата треба да врати долгови во износ од 2 милијарди евра, создадени со крајно неодговорно и, како што нагласи, душманско и неконтролирано трошење во минатото, но увери дека граѓаните треба да бидат спокојни.

  • „Граѓаните можат да бидат спокојни – не станува збор за нов долг. Напротив, целта е стабилизација и консолидирање на јавниот долг, што веруваме дека ќе го постигнеме порано од проектираните рокови.” кажа министерката во гостувањето во Сител.

Како што кажа министерката, приходите се проектирани внимателно и реално, а со економскиот раст постои можност за надминување на планираните бројки. Расходите се прецизно планирани, со јасна аргументација за секое оптимизирање. Министерката се осврна и на критиките за наводно кратење на социјалната помош, истакнувајќи дека бројот на корисници се намалува како резултат на подобрено управување и интеграција на дел од нив на пазарот на труд. Во исто време, лицата со попреченост остануваат врвен приоритет и се целосно покриени во Буџетот.

Во однос на капиталните расходи, Димитриеска-Кочоска потенцира дека бројките говорат за реални инвестиции. Заклучно со 13 ноември, реализацијата изнесува 22,1 милијарди денари, а по старата методологија достигнува 28 милијарди денари што е за 47,4% повеќе од претходната година.

  • “Буџетот за 2026 година предвидува 40 милијарди денари за капитални инвестиции, што е реално и остварливо, земајќи ги предвид капацитетите и состојбите на градежниот сектор” кажа Димитриеска-Кочоска.

Министерката нагласи дека Буџетот ги опфаќа сите законски обврски на државата – кон пензионерите, работниците и приватниот сектор. Пензиите ќе бидат усогласени согласно законските обврски, вклучително и априлското зголемување од околу 1.000 денари и редовното усогласување во септември. Минималната плата и сите надоместоци исто така се пресметуваат согласно законската методологија.

  • „Буџетот за 2026 е развоен, реален и одговорен. Граѓаните можат да бидат спокојни – државата е финансиски стабилна, сите обврски се покриени, пензиите и платите се безбедни, а капиталните проекти навистина се реализираат” кажа министерката.

Најнови вести од: Бизнис

Се враќаат на пруга патничките возови Скопје-Битола и Битола-Скопје

ЖРСМ Инфраструктура информира дека по завршените градежни работи на пругата Скопје – Битола – Жабени, во делот од станица Бакарно Гумно до товариште „Никола Карев“, од утре, 15 јули 2026 година, ќе почнат да сообраќаат патничките возови на релација Скопје – Битола и Битола – Скопје.

Повик за компании: Искористете бесплатна експертска поддршка од канадски советници

Избраните компании ќе имаат можност да соработуваат со искусни канадски советници, професионалци со долгогодишно меѓународно искуство, кои ќе обезбедат практични совети и насоки за конкретни деловни предизвици и развојни можности, согласно потребите на компанијата.

Македонија има потенцијал да го забрза економскиот раст, вели Карол Межеван од Светска банка

За целосно искористување на овој потенцијал ќе бидат потребни континуирани напори за зајакнување на конкуренцијата, доброто управување, развојот на вештините и интеграцијата со единствениот пазар на Европската Унија.

Ќе се гради пловечка фотоволтаична централа на акумулацијата „Шпилје“

Ова лето ќе почне да се реализира третата фаза од ревитализацијата на ХЕС „Црн Дрим“ каде што најголемиот дел од инвестициите ќе бидат насочени токму кон хидроелектраните „Глобочица“ и „Шпилје“.

To top