Македонија

Орбан: Европските лидери се на прагот да предизвикаат воен судир во Европа

„Постои реална опасност можната војна во Европа да прерасне и во Трета светска војна, а нејзиниот извор е конфликтот меѓу Русија и Украина.“ – предупреди унгарскиот премиер Виктор Орбан на противвоениот митинг, одржан во градот Ѓер, на северозападот на Унгарија. Според него, другите земји треба да инсистираат на итен прекин на овој воен судир.

„Европа сега е на прагот на војна, но националната влада ѝ дава на Унгарија шанса да остане подалеку од ширењето на судирот. Сега се креваме затоа што ова е момент да се залагаме за мир.“ – објави унгарскиот информативен портал „Маѓар Немзет“ во својата обемна анализа со наслов „Премиерот Орбан: Европа е на работ на војна“.

Натаму, покрај другото порталот пишува: „Орбан додаде дека ситуацијата во Европа делумно потсетува на ситуацијата пред почетокот на Првата и Втората светска војна. Според него, европските лидери се на прагот да се сопнат и да западнат во конфликт. Премиерот Орбан истакна дека Европа има историско искуство во тоа како завршила во војни – а сегашната ситуација наликува на тие шеми.“

„Големото прашање е дали конфликтот меѓу Русија и Украина може да биде закана за нашите животи. Одговорот е да, може. Дали Унгарија има шанса да воспостави мир? Не. Унгарија може само да придонесе во мировните напори.“ – рече Орбан, додавајќи дека конфликтот може да заврши ако лидерите на ЕУ заземат став за мирот, наместо да се стремат да ја продолжат војната.“

„Националниот суверенитет, предупреди Орбан, е нешто, за што нема место за шегување. Премиерот нагласи дека секој медиум, или новинар, финансиран од странство не може да се смета како суверен актер.“ – објави „Маѓар Немзет“.

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top