Свет

И Словачка „ослободена“ од санкции за увоз на руска нафта

Едногодишното ослободување за Унгарија од санкциите на САД за руска нафта, ја опфаќа и Словачка бидејќи рафинеријата „Словнафт“ е во сопственост на унгарската нафтена компанија МОЛ

 

Министерката за економија Дениса Сакова вчера изјави дека специјалното одложување, кое ѝ овозможува на Унгарија да продолжи со преработка на руска сурова нафта, обезбедува 12-месечно „ослободување“ и за Словачка, бидејќи рафинеријата „Словнафт“ е во сопственост на унгарската нафтена компанија МОЛ.

Трамп ја ослободи Унгарија од санкции за купување руска нафта

„Словнафт“ рафинира претежно руска нафта, а Сакова потврди дека суровата нафта ја набавува целосно МОЛ и затоа е опфатена со ослободувањетоод американските санкции, јавија медиуми.

Покрај руската сурова нафта увезена преку нафтоводот Дружба, рафинеријата во Братислава, исто така, увезува околу една третина од своите резерви од неруски извори преку нафтоводот Адрија од Хрватска.

Најнови вести од: Свет

Трамп за идејата Канада да стане придружна членка на ЕУ: Смешно – тогаш ќе уследат многу сериозни царини!

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на Европската Унија со високи царини доколку процени дека приближувањето на Канада кон Унијата е непријателски потег кон САД, објави Политико.

Немири во Хаг по пресудата за водачите на косовската УЧК – неколку демонстранти уапсени (Видео)

Неколку лица се уапсени за време на немирите за време на протестот во Хаг во поддршка на водачите на УЧК кои денеска беа осудени на вкупно 81 година затвор за воени злосторства. Холандската полиција беше принудена да употреби палки, бибер-спреј и водени топови, за да ги контролира демонстрантите, пренесуваат холандските медиуми.

Најнови вести

To top