Според него, веќе е постигнат договор за финансирање на договорот.
„Ќе покриеме речиси 2 милијарди евра потребни за увоз на гас за да ги компензираме загубите во украинското производство предизвикани од руските напади“, објави Зеленски на социјалните мрежи.
Изјавата на Зеленски беше дадена пред неговата денешна посета на Грција, каде ќе се сретне со претседателот на Грција Константинос Тасулас, со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, како и со претседателот на парламентот Никтас Какламанис.
Од Грција Зеленски треба да отпатува во Франција и Шпанија.
„Нè очекува плодна дипломатија. Недела – посета на Грција и важен договор за увоз на природен гас. Понеделник – историски договор со Франција во Париз за зајакнување на нашата борбена авијација и воздушна одбрана. Вторник – разговори во Шпанија за зајакнување на нашата воздушна одбрана и иницијативи со партнерите“, објави Зеленски на „Х’.
Во четвртата година од војната против Украина, Русија ги интензивираше нападите врз производството на електрична енергија, системите за пренос на електрична енергија и постројките за производство на гас
Зеленски објави дека Киев обезбедил средства за увоз на гас од европски партнери и банки под гаранции на Европската комисија, како и од украинските банки, додека работи со американските партнери за да обезбеди целосно финансирање.
Украина ги проширува своите опции за снабдување за зимата преку полските партнери, каде што соработува со Азербејџан и се надева дека ќе обезбеди долгорочни договори.