Бизнис

Дали по состанокот на ЕСС ќе се зголеми минималната плата во Македонија?!

Се додека не се постигне договор за зголемување на минималната плата во рамки на Економско-социјалниот совет, ќе важи постојната формула за нејзина пресметување. Владата ќе поддржи секаков договор, и за зголемување на минималната плата и за промена на формулата, но само ако има трипартитна согласност во ЕСС, од сите засегнати страни.

Владата е отворена за дијалог и ќе поддржи секаков договор, но додека власта заедно со синсикатите не седнат на иста маса, нема да има дополнително зголемување на минималната плата. До тогаш ќе важи постојната формула за пресметување. До крајот на следната недела треба да се одржи седница на Економско-социјалниот совет.

Заменик министерот за економија, Марјан Ристески, на иста линија како министерот Дурмиши, зголемувањето на минималецот ќе влијае на растот на стапката на инфлација и на економијата во државата. Економско социјалниот совет, кој после неколку месеци неактивност треба да се состане до крајот на овој месец, го посочи како местото каде што ако падне договор меѓу работодавачите и ССМ, што е малку веројатно, Владата ќе го испочитува.

  • Знаеме дека синдикатите секогаш настојуваат да се зголеми минималната плата, но еден од главните приоритети на Владата е подобрување на животниот стандард. Ние остануваме на она што секогаш го кажуваме транспарентно, договор да има во рамки на Економско-социјалниот совет каде постои и трипартитен дијалог меѓу синдикатите, работодавачите и владините институции. Она што ќе го договорат работодавачите и синдикатите, Владата ќе го испочитува. Се додека не постои таков договор, ќе важи постојната формула за пресметка на минималната плата која е донесена со договор меѓу трите страни во ЕСС. Се додека не постои таков договор, има постоечка формула донесена со трипартитен договор и потпис од сите овие три страни во ЕСС и со пресметките од таа формула ќе има зголемување. Ќе каже формулата колкаво ќе биде зголемувањето во март 2026 година – изјави Ристески.

Иако Владата не се согласува со барањето на ССМ за минималец од 500 евра, сепак, треба да се прецизира просечната потрошувачка кошница. Од ССМ остануваат на ставот дека платите мора да растат одма, а не во март в година, оти инфлацијата си го направила своето. Стопанството пак, вели дека се прави се за платите да растат, а не само да бегаат работниците во странство.

Според податоците на Сојузот на синдикати, примања под 500 евра во земјава имаат речиси 170.000 работници. Минималната плата во е 24.397 денари (речиси 400 евра) и таа според закон се усогласува еднаш годишно во март.

 

 

Најнови вести од: Бизнис

Цената на нафтата надмина 100 долари за барел

Новите случувања дополнително ги засилија стравувањата за безбедноста на Ормускиот теснец, преку кој се транспортира околу една петтина од светската потрошувачка на нафта, што дополнително ги поттикна цените на светските пазари.

Ристески пред средбата со трговците и дистрибутерите: Нема да толерираме профитирање на грбот на граѓаните

Заменик-министерот за економија и труд информира дека на средбата со производителите, трговците и дистрибутерите, меѓу другото, ќе бидат презентирани анализите на ДПИ во однос на движењето на цените на основните прехранбени производи. Во овој контекст, повтори тој, нема да се толерира некоректно однесување.

Синдикалната минимална кошница за јуни тежи 68.654 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за јуни 2026 година изнесува 68.654 денари, што е намалување за 88 денари во споредба со мај, кога за покривање на основните месечни трошоци на едно домаќинство биле потребни 68.742 денари.

To top