Свет

Не им верувајте слепо на алатките за вештачка интелигенција

Dури и најдобрата технологија за ВИ во моментов е склона кон грешки

 

Корисниците не треба „слепо да веруваат“ на сè што им кажуваат нивните алатки за вештачка интелигенција (ВИ), изјави денес за Би-Би-Си шефот на матичната компанија на Google, Alphabet.

Извршниот директор на компанијата, Сундар Пичаи, изјави за британскиот медиум дека моделите на ВИ се „склони кон грешки“ и ги повика корисниците да ги користат заедно со други алатки.

Пичаи ја нагласи важноста на богат информациски екосистем, наместо да се потпираат исклучиво на технологијата на ВИ.

„Затоа луѓето го користат пребарувањето на Google, а ние имаме и други производи што обезбедуваат подобри, поточни информации“.

Пичаи, индиско-американскиот шеф на Alphabet, рече дека алатките за ВИ се корисни ако „сакате да напишете нешто креативно“, но предупреди дека луѓето треба да научат да ги користат алатките за „она во што се добри, а не само слепо да веруваат на сè што ќе кажат“.

„Горди сме на трудот вложен во обезбедување на најточни можни информации, но дури и најдобрата технологија за ВИ во моментов е склона кон грешки“, нагласи тој.

Пичаи разговараше со Би-Би-Си додека технолошкиот свет со нетрпение очекува нова верзија на комерцијалниот модел на вештачка интелигенција на Google, Gemini 3.0, кој во тековните верзии веќе врати дел од пазарниот удел во битката против ChatGPT.
Неговите коментари се во согласност со истражувањето на Би-Би-Си спроведено претходно оваа година, кое заклучи дека ботовите со вештачка интелигенција се неточни при креирањето на резимеа на вести.

ChatGPT на OpenAI, Copilot на Microsoft, Gemini на Google и Perplexity AI добија неколку прашања за содржината на Би-Би-Си, а нивните одговори имаа „значајни неточности“, беше заклучено.

Најнови вести од: Свет

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

Ќе добие ли Берлин не-германка од турско потекло за градоначалник

Доколку Ералп стане градоначалник, таа ќе биде првата градоначалничка на Берлин со турско потекло, првата жена лидер на провинција во Германија со мигрантско потекло и првата политичарка од „Левица“ што ќе го води главниот град на Германија

To top