Регион

И 17 починат во пожарот во Дом за стари лица во Тузла

Во изминатите 24 часа, две лица кои живееле во Домот за стари лица, кои биле хоспитализирани на Клиниката за анестезиологија и реанимација по пожарот, починале, соопшти утрово Универзитетскиот клинички центар во Тузла

Кантоналното обвинителство во Тузла објави дека обдукциите на починатите жени ќе бидат извршени во текот на денот.

Во изминатите 24 часа, две лица кои живееле во Домот за стари лица, кои биле хоспитализирани на Клиниката за анестезиологија и реанимација по пожарот, починале, соопшти утрово Универзитетскиот клинички центар во Тузла.

Уште две пациентки се хоспитализирани на Клиниката за внатрешни болести.

Според наодите на експертите за електротехника и противпожарна заштита, пожарот настанал како резултат на краток спој во проводниците на приклучниот кабел на радио приемникот.

Сепак, истрагата ќе биде обемна и детална, соопшти Кантоналното обвинителство во Тузла.

Се истражуваат сите околности околу пожарот, како и одговорноста и пропустите во работата на
Денес, кантоналното собрание на Тузла ќе разгледа и информации за овој трагичен настан. На седницата ќе бидат разгледани и информации за експлоатација на малолетници за целите на проституција.

Тага и бес во Босна – 12 загинати по пожарот во дом за стари лица во Тузла

Најнови вести од: Регион

Србија се обидува да го следи романскиот модел за привлекување на инвестиции од САД

Стратешкиот дијалог меѓу Србија и САД отвора нов простор за нови инвестиции и размена на технологии, вели Ана Драшковиќ, претседател на Управниот одбор на Американската стопанска комора во Србија, за РТС. Претседателката на Управниот одбор на Американската стопанска комора во Србија, Ана Драшковиќ, изјави за РТС дека стратешкиот дијалог меѓу Србија и Соединетите Американски Држави […]

Завршува ли златниот период за хрватскиот туризам?!

Туристите со поскромен буџет, кои порано доаѓале десет дена, сега го скратуваат својот престој на пет дена за да заштедат пари, додека многумина целосно го заобиколуваат хрватскиот брег, каде што, пивото во продавница чини двојно повеќе отколку во Германија, пренесува Еуроњуз Србија.

To top