Македонија

Мицкоски: СДСМ ја води најниската форма на политика – некрофилска политика

Од опозицијата стигнуваат какафонични пораки, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски ја обвинува опозицијата дека ја води најниската форма на политика – некрофилска политика.

Во своето гостување на Телма, тој зборуваше за барањата за Анкетна комисија во врска со трагедијата во Кочани.

-Внимателно ја слушам дебатата на политичката сцена. Од опозицијата стигнуваат какафонични пораки. Претседателот на СДСМ од една страна обвинува дека судството и обвинителството се под политички притисок од оваа Влада која јас ја предводам, и сега кога овој случај е таму воден од обвинителството, а започнува во судството, тој вели „не, дебатата да ја пренесеме во Парламентот“. Тоа не го прават тие за да ја истераат работата до крај бидејќи тие немаат алатки ниту пак кредибилитет. Тие тоа го прават исклучиво за политизирање и тоа е онаа најниска форма на политика – некрофилска политика која ја води опозицијата, истакна Мицкоски.

Барањето на СДСМ за Анкетна комисија беше прифатено од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски и објасни дека од страна на владејачката партија било побарано да се зборува и за сите оние останати трагедии од минативе години.

-Апсолутно сите виновници треба да се изведат пред лицето на правдата. Во најмала рака, кога во Парламентот има ваков тип на анкетна и надзорна расправа, тогаш треба граѓаните да видат и да слушнат кој е тој што направил грешка, кој е виновен. И јас апсолутно ја поддржувам идејата на пратениците, еве, нека има анкетна и надзорна расправа, рече Мицкоски.

 

Најнови вести од: Македонија

Македонија има повеќе обвинители од ЕУ-земји како Германија, Франција, Италија, Белгија и Финска

Во Извештајот на Советот на Јавни обвинители на Македонија за работата на јавните обвинителства во 2024 година, спред правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во јавното обвинителство, предвидени се 1.126, од кои пополнети биле 371 место. Со ова, во Македонија на 100 илјади жители имало 20,1 јавнообвинителски службеници, додека според оценскиот извештај на Европската комисија за ефикасност на правдата за правосудните системи од 2024, во 2022 просекот изнесува 14,7.

Мицкоски: Граѓаните акламативно мислат дека Коцевски не работи добро, исто и јас – треба да се смени

„Јавниот обвинител Љупчо Коцевски треба да си го стави прстот на чело и да размисли што прави.“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски вечерва во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.

Мицкоски: СДСМ нема кредибилитет и води некрофилска политика за трагедијата во Кочани

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва порача дека судскиот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани мора да се одвива целосно независно и без политички притисок, иако, за жал, некои политички партии се обидуваат да ја искористат болката на семејствата за да градат сопствена кариера.

Првото читање помина: Ќе се даночат и најевтините пакети од Тему и АлиЕкспрес

Собранието денеска го изгласа во прво читање Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данок на додадена вредност, со кој се укинува досегашното ослободување од ДДВ за комерцијални пратки со мала вредност од странство, вклучувајќи ги и најевтините пакети од „Тему“, „АлиЕкспрес“

„Cloudflare“ се врати во нормална

Голем прекин во работењето на интернет-инфраструктурниот гигант „Cloudflare“ предизвика блокада на пристапот до голем број популарни веб-страници низ светот, меѓу кои и платформата „Чет ГПТ“ (ChatGPT) и социјалната мрежа Икс (порано Твитер).

Бране Петрушевски со јавен повик до колегите од Левица

Пратеникот Бране Петрушевски јавно ги повика своите колеги, студентите-пратеници Амар Мециновиќ и Борислав Крмов, да аплицираат на владиниот повик за ваучери од 15.300 денари наменети за набавка на електронска опрема.

To top