Македонија

Бране Петрушевски со јавен повик до колегите од Левица

Пратеникот Бране Петрушевски јавно ги повика своите колеги, студентите-пратеници Амар Мециновиќ и Борислав Крмов, да аплицираат на владиниот повик за ваучери од 15.300 денари наменети за набавка на електронска опрема.

Пратеникот Бране Петрушевски јавно ги повика своите колеги, студентите-пратеници Амар Мециновиќ и Борислав Крмов, да аплицираат на владиниот повик за ваучери од 15.300 денари наменети за набавка на електронска опрема.

Со интересна забелешка, тој нагласи дека ваучерите би им овозможиле да си купат лаптопи и конечно да можат да ги следат собраниските материјали онлајн, бидејќи, како што алудира, тие ретко се појавуваат физички во Собранието.

Најнови вести од: Македонија

„Реплек“ одбележува 10 години производство на производи од медицински канабис – реализиран и првиот извоз во ЕУ

Во период кога довербата, стандардите и транспарентноста се клучни во развојот на современата фармацевтска индустрија, „Реплек“ одбележува уште еден значаен јубилеј. Компанијата заокружува 10 години од почетокот на сопственото производство и развој на производи на база на медицински канабис, со што уште во 2016 година стана пионер на домашниот пазар, но и еден од првите регионални играчи.

Ѓорѓиевски: Кацаров е привремено решение, следната недела ќе се избира директор на Универзална сала!

По огласот кој пропадна, Универзална сала доби вршител на должност директор. Миро Кацаров таа функција ќе ја врши само до следниот оглас, кога Универзална сала ќе добие свој директор. Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски за „Курир“ изјави: „Следната недела ќе се распише нов оглас. Повикувам јавно сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите да аплицираат. Јас не велам дека секогаш правиме совршени кадрови потези, сите досега се покажале дека се исправни во Град Скопје, затоа и состојбата е таква каква што е, но овде станува збор за културна институција, апсолутно ми е важно мислењето на граѓаните.“

To top