Бизнис

Газдата на „Тиквеш“ Светозар Јаневски купи бизнис центар за 12,5 милиони евра

Според податоците на Централниот депозитар за хартии од вредност, единствен голем акционер во ВВ „Тиквеш“ е трговското друштво за инжинеринг и услуги во прометот „М-6“ ДОО Скопје, кое поседува 80,08 проценти од вкупниот број акции. 

Светозар Јаневски целосно ги купи уделите на своите партнери во „М-6“ ДОО Скопје, фирма која контролира 80 отсто од акциите во винарската визба „Тиквеш“, но има висок процент на акции и во „Охридтурист“. Како што дознава „Фактор“, деновиве е исплатена вкупна сума од 775 милиони денари, односно 12,7 милиони евра кон некогашните соработници и содружници на генералниот директор на АД „Тиквеш“.

Претходно Јаневски требаше да  им ги доисплати до крај уделите кои што тие ги поседувале во „М-6“ ДОО Скопје, а оваа сума им е префрлена на доскорешните заеднички сопственици Светлана Пендаровска, Мате Настески, Ратко Чадиковски и Снежана Славкова. Во моментов, според податоците од Централниот регистар, Светозар Јаневски има 90 отсто од сопственоста над групацијата „М-6“ Доо со неговата „М-6 Еден“

Според податоците на Централниот депозитар за хартии од вредност, единствен голем акционер во ВВ „Тиквеш“ е трговското друштво за инжинеринг и услуги во прометот „М-6“ ДОО Скопје, кое поседува 80,08 проценти од вкупниот број акции.

„М-6 Еден“ е во сопственост на семејството на Јаневски, а тој таму е управител. Во моментов „М-6“ Доо поседува 80,08 отсто од акциите на ВВ „Тиквеш“, а Јаневски и неговото семејство во моментов со „М-6 Еден“ поседуваат 90 отсто од „М-6“ Доо. Самиот „М-6 Еден“ поседува 6,53 отсто од акциите на „Тиквеш“. 

Ова значи дека Јаневски ќе има речиси целосна контрола над сопственоста во најголемата винарска визба во Македонија.

ВВ „Тиквеш“ е еден од најголемите производители на вино во Македонија. Во визбата годишно се преработуваат 55 милиони грозје и се произведуваат околу 35 милиони литри вино. Асортиманот опфаќа 24 видови вино, вклучувајќи црвени и бели вина, квалитетно и специјално одбрани типови вина. Вината на „Тиквеш“ се присутни на пазарите во Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Европската унија, Русија, Украина, САД, Канада и Австралија. Компанијата во последните три години бележи континуиран раст на добивката.

Добивката за 2024 изнесуваше 4,1 милиони евра.

Најнови вести од: Бизнис

Мал пазар, голема можност: Мукаетов на 25. Конференција на Македонската берза

Од развојот на „Алкалоид“ и улогата на пазарот на капитал до можностите што ги отвораат интернационализацијата, иновациите и новите технологии – ова беа дел од темите на специјалниот разговор со Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов, на 25. Конференција на Македонската берза.

(Фото): Силни пораки од конференцијата на Македонската берза

Во Македонија има капитал подготвен да влезе во хартии од вредност. Ако нема добри домашни инвестициски прилики – логично е тој капитал целосно да оди во странство, истакна главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев, говорејќи на јубилејната 25. Годишна конференција што се одржува во Охрид.

To top