Свет

Рама против депортацијата на 700 албански семејства од Велика Британија

„Да се издвојуваат Албанците повторно и повторно не е политика, тоа е загрижувачка и непристојна вежба на демагогија“, вели албанкиот премиер

Премиерот на Албанија, Еди Рама, остро реагирал на изјавите на британската министерка за внатрешни работи Шабана Махмуд, обвинувајќи ја дека користи „етнички стереотипи“ и „непристојна демагогија“ кога ги издвојува албанските семејства кои одбиваат да се вратат во својата земја.

Во објава на платформата Икс, Рама прашал како е можно еден лабуристички министер „толку лошо да ја повтори реториката на популистичката крајна десница“, јави „Гардијан“.

„Да се издвојуваат Албанците повторно и повторно не е политика, тоа е загрижувачка и непристојна вежба на демагогија“, напишал Рама, додавајќи дека токму во момент кога двете земји градат силно партнерство во борбата против нелегалната миграција, Велика Британија не треба да ги третира Албанците како закана.

Повеќе од дваесет пратеници на Лабуристичката партија ја критикувале Махмуд поради владиниот план што би можел да доведе до rotiv  кои одбиле паричен стимул за доброволно враќање. Министерството за внатрешни работи тврди дека тие немаат законско право да останат, но дека досега не биле приоритет за протерување.

Извор од албанската влада изјавил дека по оваа изјава растат тензиите меѓу Тирана и Лондон, иако соработката околу миграцијата останува функционална. Според британските медиуми, овој вербален судир создава непријатност во време кога Западен Балкан е клучна транзитна зона за мигрантите кои се обидуваат да стигнат до Британија.

Според аналитичарот Анди Хоџај од Кралскиот институт за обединети служби истакнал дека таргетирањето на Албанците во политичката реторика не е ново, но дека е „длабоко фрустрирачко“ за албанската заедница во Британија.

„Го видовме истиот проблем и во времето на конзервативната влада. Со конкретно именување на Албанија, министерот ја повторува пораката на Фараж, бидејќи ги направи Албанците централен дел од својата реторика“ рекол Хоџај.

Ова не е првпат Рама да влезе во судир со британски министер за внатрешни работи. Во 2022 година, тој обвини за поттикнување на ксенофобија и „етничко таргетирање“ кога Албанците беа посочени како злоупотребувачи на законите за модерно ропство.

Најнови вести од: Свет

Талибанците во Авганистан го легализираа семејното насилство: Донесен закон што дозволува мажот да ги тепа жената и децата!

Талибанците во Авганистан на 21 февруари го донесоа новиот Кривичен закон што им дозволува на мажите да ги тепаат своите „сопруги и деца“, под услов тоа да не резултира со „видливи фрактури или отворени рани“. Законот го класифицира семејното насилство како „дискреционо“ прашање, наместо да го третира како изричито кривично дело.

Орбан до Зеленски: 4 години сакате да нè вовлечете во војната меѓу Украина и Русија

Унгарците „не се одговорни за ситуацијата во која се наоѓа Украина“, дека сочувствуваат со украинскиот народ, но дека „не сакаат да учествуваат во војната“, „не сакаат да ги финансираат воените напори“ или „да плаќаат повеќе за енергија“, му порача Орбан на украинскиот претседател

To top