Македонија

Декларација на ЕФА до Комитетот на министри на Советот на Европа за правата на Македонците во Бугарија и надѕорот врз неа за нивното кршење

„Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) нагласува дека секое затворање, или намалување на меѓународниот надзор врз Бугарија во врска со нејзините постојани кршења на правата на Македонците во Бугарија, во оваа фаза би било прерано и спротивно на обврските, што произлегуваат од член 46 од Конвенцијата. Со тоа се поткопуваат авторитетот на Европскиот суд за човекови права во Стразбур и доверливоста на системот за заштита на човековите права на Советот на Европа.“ – порача европската партија Европска слободна алијанса – ЕФА во „Декларацијата на Работната група за јазични и малцински права на ЕФА околу македонското малцинство во Бугарија“, донесена вчера на 20 ноември 2025 година во врска со претстојниот состанок на Комитетот на министри на Советот на Европа, кој треба да се одржи на 2 декември 2025 година.

Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) во својата „Декларација“ до Комитетот на министри на Советот на Европа, објавена вчера, на 20 ноември 2025 година, изразува „длабоко жалење, поради неодамнешната одлука за намалување на меѓународниот надзор врз Бугарија во врска со нејзините постојани кршења на правата на Македонците во Бугарија“.

Во споменатата декларација на ЕФА се истакнува: „На 1 октомври 2025 година Парламентарното собрание на Советот на Европа на својата пленарна седница одлучи да го затвори пост-мониторинг дијалогот со Бугарија и наместо тоа да го разгледа нејзиниот напредок во рамките на периодичните прегледи. Проценката, претставена од известувачите на Парламентарното собрание на Советот на Европа за неисполнувањето на обврските за пристапување од страна на Бугарија, се однесуваше на малцинските права, вклучително и состојбата на македонското малцинство, и даде конкретна референца за неспроведувањето на пресудите во случајот ОМО Илинден и други против Бугарија. Сепак, не успеа да даде суштински коментар, или должно внимание на овие прашања во својата целокупна проценка и препорака за прекин на пост-мониторингот за Бугарија.“

„Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) изразува сериозна загриженост во врска со одлуката да се разгледа барањето на бугарската влада за затворање на мониторингот на групата Обединета Македонска Организација Илинден и други против Бугарија (Апликација бр. 59491/00) на претстојниот состанок на Комитетот на министри на Советот на Европа на 2 декември 2025 година.“

„И покрај повторените констатации за прекршување на член 11 од Европската конвенција за човекови права, ниедна Македонска организација сè уште не е успешно регистрирана во Бугарија. Неодамнешните одбивања на апликации од македонски организации како што се ОМО ‘Илинден’ и Комитетот за човекови права ‘Толеранција’ јасно покажуваат дека Бугарија не ги спроведе одлуките на судот. – се наведува во „Декларацијатата на Работната група за јазични и малцински права на ЕФА во врска со македонското малцинство во Бугарија“.

Најнови вести од: Македонија

Најчевска: 2001 е чин на терор според правото, сега е време да започнат постапки против водачите на терористичките групи, овие дела не застаруваат!

Професорката Мирјана Најчевска реагираше со објава на својот фејсбук-профил по коментарот на Арбен Таравари дека „УЧК и нејзините борци не се терористи“ и неговото барање „веднаш да се смени натписот“ на спомен-плочата на баталјонот за специјални сили во касарната „Илинден“ за загинатите специјалци и полицајци во масакрот кај Вејце во 2001 година.

Шилегов: Филипче треба да поднесе оставка, поради катастрофалниот рејтинг! – Сосила не може да му се даде памет!

„Не можеме ние претседателот Филипче да го принудиме да поднесе оставка. Ама ако ги имате овие резултати, ако ги имате последните анкети, ако го имате рејтингот на претседателот на партијата, кој е катастрофален, но упорно да тврдиш дека ти си вистинското решение, а никој друг не чини, знаете на човек со сила му се зема, ама не му се дава, вклучително и памет!“ – изјави Петре Шилегов поранешен функционер од СДСМ во интервју за „Фокус“.

Димитриеска-Кочоска: Неопходно е внимателно управување, силни институции и примена на фискалните правила

Фискалната стратегија во претстојниот период ќе се соочи со сложена задача да го усогласи потребното стеснување на буџетот со стимулацијата за економски напредок. Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, нагласи дека за ова е потребно претпазливо управување, цврсти институции и строго почитување на фискалните прописи.

To top