Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Уставниот судија Кацарска е обичен апаратчик на минатата власт и активен чинител на неправдата

„Одлуките на Кацарска немаат немаат доверливост“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Натаму владејачката партија истакнува: За да биде нападната нечија доверливост, самиот судија треба да има сопствена доверливост. А Добрила Кацарска ја изгуби својата доверливост го изгуби во времето кога судеше 200 години затвор за 27 април и стана преку ноќ уставен судија. Со тоа таа покажа дека е обичен апаратчик на минатата власт.

Добрила Кацарска не само што беше поддржувач на неправдата, туку и нејзин активен чинител. Неа не ја прават судската тога и наметка добар судија, туку одлуките со доверливост, кои Кацарска ги нема. – нагласува ВМРО ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

To top