Илијана Јотова останува на претседателската функција во Бугарија, покажуваат излезните анкети, кои ѝ даваат убедлива предност во однос на противнкандидатот Андреј Ѓуров.
Според агенцијата „Тренд“, по 95 проценти преброени гласови Јотова води со 59 отсто наспроти 38 отсто.
„Алфа рисрч“ по 80 отсто обработени податови од примерокот на Јотова „ѝ даде“ 57,1 отсто од гласовите, а на Ѓуров 39,3 отсто.
„Мјара“ со паралелно пребројување на 90 отсто од примерокот процени дека досегашната и речиси извесно нова претседателка на источниот сосед на Македонија добила 58,1 процент гласови, а Ѓуров 38,6 отсто.