Свет

Москва до Атина: Непријателството кон Русија скапо ќе ве чини

Соработката меѓу Грција и Украина во одбраната е провокација и отворено непријателство, оценува МНР на Русија

Руското Министерство за надворешни работи ја обвини Грција дека води „провокативен, конфронтациски курс“ кон Руската Федерација и презема „отворено непријателски чекори“ поради нејзината одлука да соработува со Украина во изработката и употребата на поморски дронови.

„Грција води провокативна и конфронтациска политика кон Русија, впуштајќи се во отворено непријателски дејствија“, изјави портпаролката на МНР на Русија, Марија Захарова, на редовниот брифинг во Кремљ, како одговор на изјавите дадени од грчката влада за време на ненадејната посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Атина на 16 ноември.

Таа додаде дека Русија соодветно ќе ѝ одговори на Грција.

„Атина беше меѓу првите што испрати оружје и муниција во Украина. Украинските вооружени сили го користат ова оружје секојдневно против цивили во Донбас, Запорожје, Херсон, Крим и други јужни региони на нашата земја. Сето ова се случува и покрај фактот дека во овие региони живеат Грци од памтивек“, истакна Захарова. „Овој чекор, како и многу други антируски акции на колективниот запад насочени кон поразување на Русија на бојното поле, е соодветно оценет од нас и ќе биде проследен со соодветен одговор“, предупреди Захарова.

Грчкото МНР речиси веднаш одговори на нејзините коментари.

„Грција секогаш дејствува во своите меѓународни односи со посветеност на меѓународното право и почитување на другите држави. Секоја држава има право да склучува меѓудржавни договори. Ова е особено точно кога договорите гарантираат енергетска доволност и безбедност, што се предуслови за човековата благосостојба, како што е случајот со договорот меѓу Грција и Украина. Заканите против суверените држави автоматски се отфрлаат“, соопшти грчкото Министерство за надворешни работи.

Најнови вести од: Свет

САД и Израел го нападнаа Иранскиот Курдистан. Повеќе од 100 убиени, 969 ранети

Курдите се домородно етничко малцинство од месопотамскиот регион, распространето главно низ југоисточна Турција, североисточна Сирија, полуавтономниот курдски регион во северен Ирак, северозападен Иран и југозападна Ерменија. Тие имаат свој јазик и култура, но немаат држава

Ирански камиказе дронови запалија големо пристаниште за нафта во Емиратите (ВИДЕО)

Нападот доаѓа откако Иранската револуционерна гарда соопшти дека американските интереси во Обединетите Арапски Емирати, вклучувајќи пристаништа, докови и воени објекти, станале легитимни цели

To top