Свет

Трамп: Мировниот план мора да му се допадне на Зеленски!

Ако не му се допаѓа тогаш, претпоставувам, дека ќе треба да продолжи да се бори, вели американскиот претседател

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Украина треба да го прифати мировниот предлог на САД за да се стави крај на војната на Русија во земјата.

На прашањето дали разговарал за мировниот план од 28 точки за Украина со Володимир Зеленски, Трамп рече:

„Имаме план. Ужасно е што се случува. Тоа е војна што никогаш не требаше да се случи.“

„Мислиме дека имаме начин да постигнеме мир. Тој ќе мора да го одобри“, додаде американскиот претседател.

Кога новинар го праша дали мировниот план бил пречекан со критики, Трамп возврати со прашање: „Дали мислите дека нему [Зеленски] не му се допаѓа?“

„Ќе мора да му се допадне, а ако не му се допаѓа, тогаш претпоставувам дека треба да продолжиме да се бориме“, рече Трамп.

„Ја наследив оваа војна. Мислев дека требаше да склучи договор пред една или две години“, заклучи Трамп.

Трамп потврди дека Украина има рок до следниот четврток да се согласи на првата фаза од мировниот договор.

„Имав многу рокови, но ако работите одат добро, имате тенденција да ги продолжувате роковите. Но, четврток е разумен рок“, рече американскиот претседател во радио интервју за „Фокс њуз“.

Објавен е мировниот план на Трамп за Украина кој содржи 28 точки

Најнови вести од: Свет

Кај Солун се снимал додека возел со 304 км/ч на пат со ограничување од 90 км/ч! (Видео)

Покрај тоа што возел пребрзо, возачот самиот го снимал маневрирањето, што значи дека го вози возилото само со една рака, што предивикува дополнителна опасност. Снимката направена на пат кај Солун заврши на ТикТок. Како што се очекуваше, видеото се рашири молневито, привлекувајќи го вниманието на полицијата, која брзо го пронајде прекршителот и на крајот го фати.

Пронајден починат македонски државјанин кој исчезна во Брисел пред 22 години

Форензичарите утврдија дека скелет пронајден минатото лето во подрум во куќа во Брисел му припаѓал на македонскиот државјанин Реџеп Рахмановски, кој се води како исчезнат од 2003 година, соопшти белгиската Федерална полиција

To top