Македонија

Кога ќе заборавиш со кого си садел тикви и ќе почнеш да мудруваш

Жерновски не можел да ја скрие среќата што се среќава со еден од најпознатите македонски измамници

Порталот офф.нет.мк не потсетува на старата македонска навика која ја користат политичарите кои мислат дека сите забораваат кој си бил и што си правел и се обидуваат повторно да се прават умни.

Порталот ни пренесува коментар за Фејсбук за екс заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски кој деновиве излезе на интервју на Канал 5 се обиде да изгледа сериозно кога зборуваше за стратегии, дипломатија, принципи, политики и слични теми.

Се разбира Жерновски во својата ,,анализа” не ја спомена стратегијата која како функционер ја градеше на официјални средби со Боки 13 и неговата организација Меѓународен сојуз.

Иако во моментите кога целиот среќен се среќавал со Боки 13 на работна средба речиси сите знаеа дека се работи за благо речено каков сомнителен човек и организација се работи, Жерновски не можел да ја скрие среќата што се среќава со еден од најпознатите македонски измамници.

Едната казна затвор Боки 13 ја доби токму за организацијата со која Жерновски имал работна средба.

И сега сака да се прикаже како сериозен политичар. Нека му е со среќа.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top