Македонија

Мицкоски: Никој не е над законот, ни естрадните ѕвезди

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека бил информиран од својот кабинет за приведувањето на српскиот фолкер Аца Лукас во Кавадарци, но само по завршувањето на целата акција.

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека бил информиран од својот кабинет за приведувањето на српскиот фолкер Аца Лукас во Кавадарци, но само по завршувањето на целата акција. Прашан да го коментира случајот, особено откако пејачот и неговиот менаџер јавно го обвинија дека стои зад скандалот, Мицкоски ги отфрли обвинувањата како обид за создавање естрада.

„Мислам дека не треба многу внимание да му се посветува на ова. Јасни се законите, јасни се правилата, секој мора да ги почитува. Многу строго и внимателно ќе ги следиме однесувањата на ваков тип на естрадни уметници и нивни менаџери“, порача премиерот.

Тој нагласи дека полицијата постапила согласно законските прописи – поради пречекорување на капацитетот на локалот, непријавен ангажман и безбедносни пропусти – и дека државата нема намера да попушта пред вакви прекршоци, без разлика на чие име станува збор.

Најнови вести од: Македонија

ЦУК: Крушево со заматена вода за пиење по поројните дождови, службите интервенираат низ Македонија

Во Крушево, поради поројните врнежи, водата за пиење е заматена и се препорачува превривање најмалку 10 минути. Нивото на Црна река кај селото Бучин е покачено, но водата се повлекла од местата каде претходно имало излевање. Екипи од ЈП „Комуна“, ТППЕ Крушево, ЕЛС Крушево и надлежните служби работат на зајакнување на насипите кај критичните точки, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.

Водачот на најбројната бунтовничка група во Колумбија ФАРК повика на „обединување за борба против американска интервенција“

Водачот на најбројната бунтовничка група на Револуционерните вооружени сили на Колумбија (Fuerzas Armadas Revolucionarias de Colombia – FARC), Нестор Грегорио Вера, во видео порака, повика на обединување на сите герилци во оваа латиноамериканска земја со цел „борба против американската интервенција“. „Сенката на интервенционистичкиот орел се надвива подеднакво над сите. Судбината нè повикува да се обединиме. Ние не сме раштркани сили, ние сме следбеници на истата цел. Да го покажеме нашето единство со дела и да создадеме голем блок со кој ќе го истиснеме непријателот од нашата татковина“, им порача Грегорио Вера на членовите на Националната ослободителна армија (ELN) и Боливарската герилска армија, групи кои се отцепија од FARC.

Трамп: Мора да го поседуваме Гренланд, за да ги спречиме Русија и Кина да го земат

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД мора да го „поседуваат“ Гренланд за да ги спречат Русија и Кина да го преземат, велејќи дека тоа ќе се направи „на лесен или на тежок начин“. Острата изјава доаѓа по неодамнешните сигнали од Белата куќа дека администрацијата размислува да ја купи полусамостојната територија од Данска, но не ја исклучува опцијата за присилна анексија, пишува Би-Би-Си.

Денес гласаат болните и изнемоштените лица пред утрешните избори за градоначалник во Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Пред утрешното гласање на повторените избори за градоначалник во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, денеска избирачките одбори ќе им овозможат на болните и изнемоштените лица да го остварат својот глас во нивните домови, а ќе гласаат и притворените и затворениците, жители на овие општини. Од Државната изборна комисија (ДИК) посочуваат дека се е подготвено за повторените избори.

Најнови вести

To top