Македонија

Денеска пресуда за убиствата на Вања и Панче

По десет месеци судски процес, денеска во Кривичниот суд треба да биде изречена пресуда за убиството  на 14-годишната Вања Ѓоревска и 74-годишниот Панче Жежовски. Обвинети за грозоморното двојно убиство што ја потресе јавноста на 14-годишната Вања, и на пензионерот од Велес, Панче, се Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов, како и таткото на […]

По десет месеци судски процес, денеска во Кривичниот суд треба да биде изречена пресуда за убиството  на 14-годишната Вања Ѓоревска и 74-годишниот Панче Жежовски.

Обвинети за грозоморното двојно убиство што ја потресе јавноста на 14-годишната Вања, и на пензионерот од Велес, Панче, се Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов, како и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче Вања Ѓорчевска со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.

Обвинението ги товари Палевсски и соучсниците за претходно грабнување на Панче Жежовски , со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „цитроен“ за да го користат за грабнување на девојчето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Владата ќе го решава свлечиштето на патот кон скопски „Теферич“

Министерството за транспорт го презема проектот за санација на свлечиштето на патот кон Тефериџ во Општина Кисела Вода, а тендерот за избор на изведувач се очекува да биде објавен следната недела, најави вицеремиерот

Банов: Дали СДС и Герасимовски се вмешани во потенцијална финансиска афера од милионски размери?

Банов ги повика раководството на ПОЦ, директорот Душко Коцевски и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, јавно да ги објават имињата на лицата и компаниите чии долгови биле отпишани

To top