Македонија

Коалицијата Вреди ќе одлучува меѓу Касами и Меџити за нов лидер

Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, во гостувањето на „Директно“ на ТВ Телма практично потврди дека идниот лидер на коалицијата ВЛЕН – ВРЕДИ ќе се избира меѓу него и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами.

Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, во гостувањето на „Директно“ на ТВ Телма практично потврди дека идниот лидер на коалицијата ВЛЕН – ВРЕДИ ќе се избира меѓу него и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами.

„Тука некаде е. Тој е повеќе фактор во Тетово, јас во Скопје. Ова се два главни града каде се концентрирани Албанците и затоа работиме на креативни решенија. Има повеќе решенија низ партиите во Европа, разгледуваме модели од Германија“, изјави Меџити, навестувајќи дека се разгледуваат различни форми на лидерство – од ко-претседателство до ротација или други хибридни модели што функционираат во европските партии.

Оваа изјава доаѓа по неколкумесечните внатрешни тензии во ВЛЕН – ВРЕДИ околу единството и идното раководство, особено по локалните избори каде Меџити и Касами се покажаа како најсилните фигури на албанскиот политички блок во Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top