Македонија

ТВ 21: Разговори во Вреди, Башким Бакиу би можел да го замени Азир Алиу во Министерството за здравство

Разговори во коалицијата Вреди во врска со нивните можни кадровски комбинаторики спроти конечното кадровско заокружување на составот на Владата на Република Македонија

„Во рамките на Вреди продолжуваат разговорите за реконструкцијата на владата, која се очекува да се случи во текот на оваа седмица. Башким Бакиу би можел да го замени Азир Алиу во Министерството за здравство.“ – објави ТВ 21.

Натаму телевизијата наведува: Извори велат дека засега се работи само за шпекулации. Исто така, се шпекулира дека ако Алиу замине од позицијата министер за здравство, ќе биде назначен за директор на Агенцијата за електронски комуникации.

Според извори во Вреди, конечниот одговор се очекува во текот на утрешниот ден. – објави ТВ 21.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top