Спорт

Македонија го прегази Азербејџан на стартот од претквалификациите за Евробаскет 2029

„Црвено-жолтите“ славеа со 87:49 во Скопје над најслабо рангираниот учесник во првата рунда од квалификациите за ЕП

Лесна и убедлива победа на кошаркарската репрезентација на Македонија од 87:49 над аутсајдерот Азербејџан во Скопје на стартот од претквалифиакциите за Евробаскет 2029.

Против најслабиот учесник во првата квалифиакциска рунда, рангиран на 116. место на ФИБА-листата, избраниците на селекторот Марјан Илиевски беа уверливо подобри во сите четвртини, добивајќи ги со 22:13, 18:8, 23:16 и 24:12.

Дабл-дабл запишаа Андреј Јакимовски (25 поени и 11 скока) и Војдан Стојановски (16 поени и 11 скока), Лејсон Зеќири го заврши мечот со 17 поени, а дебитантот Омари Мур со 6 поени, но и 9 асистенции.

Во второто коло в недела „црвено-жолтите“ ќе гостуваат во Даблин кај Република Ирска, која загуби во Луксембург со 89:77.

Најнови вести од: Спорт

To top