Навивачите на Арис создадоа јужноамериканска атмосфера во Солун во првиот домашен натпревар на Арис во Еврокупот, на која од трибините ѝ посведочи грчката кошаркарска легенда Никос Галис, а Ненад Димитриевиќ и соиграчите ги наградија со триумф од 93:80 против Бургос, пришто македонскиот бек беше најефикасен во победничкиот тим.
Репрезентативецот на Македонија постигна 21 поен за нецели 22 минути на паркетот, со реализација 3/8 за два поена, 2/3 за тројка и 9/11 од слободни фрлања, беше и најдобар асистент на мечот со 6 додавања, а запиша и два скока.
Екипата на Димитриевиќ, водена од клупата од легендарниот Василис Спанулис, е еден од фаворитите за освојување на второто клупско натпреварување по квалитет на стариот континент.
Спектакуларниот старт на натпреварот на линкот.