Македонија

Денеска одлука колку ќе поскапи парното

Новата цена на парното греење ќе важи од 1 декември.

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ја соопшти новата цена на парното греење што ќе важи од 1 декември.

Одлуката доцнеше неколку месеци бидејќи регулаторите чекаа да го добијат извештајот за проценка на вредноста на топланите од Бирото за процена, по што може да се утврди конечната тарифа.

Првичните информации од летото укажуваа дека компаниите што испорачуваат топлинска енергија барале зголемување од околу 50 проценти.

И сега, пред донесување на новата одлука, тие повторно доставиле пресметани зголемени трошоци.

Очекувањата се дека денешната одлука ќе даде појасна слика за тоа дали и за колку ќе поскапи парното за домаќинствата и фирмите од декември, побјави Плусинфо

Најнови вести од: Македонија

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Општина Кисела Вода денеска започна со интензивна теренска акција за справување со хаварисаните возила кои со години ги узурпираат паркинг местата, тротоарите и зелените површини низ општината

To top