Македонија

„Ингеренциите ми беа одземени“: Раководителка сведочеше за хаосот на Онкологија, тврди дека Клиниката немала долгови пред Васев

Ново рочиште во Кривичниот суд

Со сведочење на раководителка на одделението за финансиско, сметководствено и шалтерско работење на Клиниката за онкологија, денеска во Основниот кривичен суд продолжи судењето за случајот „Онкологија 2” во кој за незаконско набавување лекови, прикривање преку фиктивни тендери и присвојување на дел од терапијата се обвинети поранешниот медицински директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Нино Васев и економскиот директор на Клиниката Нехад Нухи.

На прашања на Основното јавно обвинителство кои се однесуваа за финансиското работење на Клиниката за периодот од 2018 до 2022 година, раководителката на финансиското, сметководственото и шалтерското работење на Клиниката наведе дека во овој период извршувала контрола, координација и подготовка на финансиски и статистички извештаи, завршни сметки и редовна комуникација со Фондот за здравство, Министерството за здравство и Државниот завод за статистика.

Прашана дали овие ингеренции ѝ биле одземени, таа одговори „ингиренциите ми беа одземени од крајот на 2019 почетокот на 2020 година“. Објасни дека по тринеделен ковид-карантин открила дека дел од нејзините обврски ѝ биле пренесени на колешка без писмено решение.

– Кога се вратив видов дека мојата обврска за подготвување на налозите за плаќање спрема набавувачите веќе ја имаше преземено моја колешка и бев комплетно тргната од таа работа. Писмено се обрати, се претставив која сум, меѓутоа тоа не се случи, рече сведокот.

Раководителката сведочеше и за соработката со обвинетиот Васев, за кој рече дека до пред ковид периодот соработувале доста добро, нагласувајќи дека Клиниката немала никакви долгови дотогаш.

– Соработувавме доста добро, Клиниката тогаш немаше никакви долгови, но пред да се разболам приметив дека Васев имаше поладен однос со мене и не можеше да го издржи таквото пресметување за плаќање спрема добавувачите што беше исправно, рече сведокот.

Во делот на финансиското работење, таа потврди дека редовно доставувала извештаи до Министерството за здравство и Фондот за здравство.

– Доставував два извештаја, еден за финансиското работење, другиот за тоа колку приход остваруваме и колку пациенти имаме кои не се државјани на Македонија или Македонци кои немаат осигурување, изјави сведокот.

За долговите на Клиниката посочи дека како раководителка имала обврска да доставува месечни извештаи до Фондот за здравство, за што, му предложила на Васев да се обратат до ФЗОМ писмено за да го зголемат буџетот за Клиниката, бидејќи, како што рече, се зголемувал бројот на пациенти, а Клиниката имала сѐ помалку  пари.

Прашана дали Клиниката добила тужби од економски оператори таа одговори „имавме тужби од два економски оператори. Еден од нив поднесе тужба за неплатени фактури за периодот 2021/22 година со голема камата од приближно еден милион евра, по што на крај дојде до блокирање на двете сметки“.

Во текот на расправата, обвинителката Ана Гоговска Јакимовска, посочи дека дополнително ќе му достави на Судот материјални докази кои сведокот ги доставил денеска, по што адвокатот на Васев, Вељо Кадиев, приговараше дека не постои записник  за тоа како се прибавени тие докази. Во таа смисла, рече, може да се работи и за незаконски прибавени докази.

Судот оцени дека за да може одбраната да поставува вкрстени прашања до сведокот, потребно е претходно да добие примероци од документите. Поради тоа, на Јавното обвинителство му е наложено да обезбеди копии, а вкрстеното испитување на сведокот беше одложено за следното рочиште кое треба да се одржи на 11 декември годинава.

Според обвинението, во периодот 2018–2022 година Васев и Нухи незаконски набавувале лекови, ги прикривале преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што го оштетиле државниот буџет за речиси 36 милиони евра. Двајцата обвинети ја негираат вината и тврдат дека станува збор за политички мотивиран процес.

Покрај „Онкологија 2“, во тек е и процесот „Онкологија 1“ против Васев и уште двајца лекари за несовесно лекување пациенти.

Најнови вести од: Македонија

Посебен сообраќаен режим во Тетово, Гостивар и Дебар поради посетата на Бајрам Бегај

Денеска, 28 февруари 2026 година (петок), во Тетово, Гостивар и Дебар ќе важи посебен сообраќаен режим поради завршувањето на тридневната официјална посета на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.

Од грабеж до затворска „терапија“: необична мотивација на осудениот Македонец

Окружниот суд во швајцарскиот град Бремгартен изрече пресуда во необичен случај: млад македонски државјанин беше осуден на пет години затвор за серија грабежи и други кривични дела.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се заложници на криминалот, затоа на седницата за пратенички прашања ниту името на Груби не му го спомнаа

Потпретседателката на СДС пак Јованка Тренчевска, отиде до тој степен што посочи дека за еден од случаите во кои се сомничи Груби за сторен криминал, кривични пријави треба да добијат и неговите колеги од тогашната влада“, потенцираат во партиското соопштение.

Итно соопштение од МНР: Не патувајте во Израел, контактирајте ја амбасадата за помош

Во врска со најновите информации за влошувањето на безбедносната состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа земја внимателно да ги следат официјалните национални портали за итни случаи и строго да постапуваат во согласност со упатствата на надлежните институции.

To top