Македонија

(Фото): Ѓубре, смрдеа, црви, бубачки во Долно Лисиче – Зошто „Комуналец“ не чисти?!

Купишта ѓубре, смрдеа, црви, бубачки и потенцијални извори на зараза. Ваква е сликата во Долно Лисиче во период кога температурите надвор се и над 40 степени, а ѓубрето многу лесно се замирисува, објави МКД.мк. Јавното претпријатие Комунална хигиена на ова место доаѓа понекогаш и еднаш во месецот, а вработените остануваат „глуви“ на телефонските повици да […]

Купишта ѓубре, смрдеа, црви, бубачки и потенцијални извори на зараза. Ваква е сликата во Долно Лисиче во период кога температурите надвор се и над 40 степени, а ѓубрето многу лесно се замирисува, објави МКД.мк. Јавното претпријатие Комунална хигиена на ова место доаѓа понекогаш и еднаш во месецот, а вработените остануваат „глуви“ на телефонските повици да дојдат да го соберат сметот за кој сите жители уредно плаќаат. МКД.мк веќе пишуваше за овој проблем, но тој не се реши.

Но, сликата не е ваква само летово, туку речиси цела година. Кантите во Долно Лисиче Комунална хигиена ги празнеше секој петок, но последната година за ова треба посебни молби и поплаки од граѓаните, па дури тогаш некој да се сети дека и овие жители, како и сите останати скопјани заслужуваат чисти улици.

Залудни се јавувањата и молбите на граѓаните на телефонските броеви на Комунална хигиена, бидејќи оттаму постојано велат дека ќе поминат, но ѓубрето си стои, а причината зошто е ваква состојбата никој не ја кажува. Можеби некој ќе сфати дека никој, а особено не граѓани кои се редовни плаќачи не заслужуваат да живеат во вакви услови, каде на секое ќоше и пред секој двор на улицата постои опасност од потенцијална зараза.

Најнови вести од: Македонија

„Курир“: Со достоинство и почит во Турција го пречекаа Мицкоски, оти ги штити македонските интереси, а на Заев ни знаме не му извадија, оти ги распродаваше!

„Светските лидери го препознаваат македонскиот премиер Мицкоски како државник, кој бескомпромисно работи во заштита на македонските национални интереси, а знаеја дека Заев беше човекот, кој ги распродаваше тие исти интереси. Затоа не ги гледаат со исти очи и не ги пречекуваат со иста почит. Како се однесуваш дома, така те третираат надвор!“ – нагласува информативниот портал „Курир“ во својата статија.

Тошковски: Огромна осуда за какво било насилство во Македонија, нема толеранција за тоа, итно се постапува со случајот со бугарската амбасада!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски остро го осуди вчерашниот инцидент со палењето возило во сопственост на Амбасадата на Бугарија во Скопје. „Осуда за какво било насилство спрема било кого во Македонија е логична. Насилство нема да дозволиме и нема да биде толерирано.“ – нагласи министерот. Во однос на мотивите за инцидентот Тошковски посочи дека во овој момент не може да сподели повеќе информации, но додаде дека постапката е во тек и се води согласно со законските процедури. 

Пркосот на масакрираната „Македонска сончева колона“ од Ваташа кон бугарските фашисти на 16.6.1943: Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!

На денешен ден, на 16 јуни 1943 година беше извршен Ваташкиот масакр, најголемото злосторство врз македонскиот народ за време на Втората светска војна во Македонија, покрај Дабничкиот колеж. Со намера да го спречи големиот подем на народно-ослободителното движење во Македонија, а сѐ во рамките на Јунската непријателска офанзива, бугарскиот фашистички окупатор во месноста „Моклиште“ масакрира и стрела 12 Македонци од селото Ваташа на возраст од 15 до 27 години. Во пролетта 1943 година, по повеќе акции на партизанските одреди на Третата оперативна зона, три полка бугарска војска и одреди полиција, под команда на полковникот Апостолов, од 7 до 16 јуни 1943 година започнува со офанзива за уништување на партизаните. Но, откако доживува неуспех, се нафрла и на мирното население. Врвот на бугарските погроми над цивилното македонско население е ваташкиот масакр „во чест“ на роденденот на бугарскиот престолонаследник Симеон ІІ. Дали и кога ќе дојде бугарски претседател, или премиер, во Ваташа да клекне пред масакрираните Македонци и да побара прошка во име на бугарската држава и народ, како што стори германскиот канцелар Вили Брант на 7.12.1970 пред споменикот на Евреите од Варшавското гето во Варшава, стрелани од германските фашисти? Тој дождлив ден германскиот канцелар Брант беше клекнат на колена само 30 секунди, но во таа половина минута испиша ново поглавје во германската историја. Дали може и бугарски политичар да испише денес ваква нова страница, вакво нови поглавје во нивната бугарска национална историја, засебна од македонската историја? Па дури тогаш да започне вистинска, нова ера на вистински македонско-бугарски добрососедски односи со заемно разбирање, признавање и пријателство?

Најнови вести

To top