Свет

Залужни: Војната не завршува секогаш со победа на едната и со пораз на другата страна

Амбасадорот на Украина во Велика Британија повика за замрзнување на конфликтот со Русија за одреден период

Среде американскиот притисок за мир меѓу Украина и Русија, украинскиот амбасадор во Лондон, Валериј Залужни, излезе со став дека е „важно да се запамети“ дека војната не се завршува секогаш со победа на едната страна и со пораз на другата.

„Значи, кога зборуваме за победа, мораме искрено да го кажеме ова: победата е колапс на Руската империја, а поразот е целосна окупација на Украина поради нејзиниот колапс. Сè друго е едноставно продолжување на војната. Ние, Украинците, секако, се стремиме кон целосна победа – колапс на Руската империја. Но, не можеме да ја исклучиме опцијата за долгорочен (со години) прекин на војната, бидејќи токму ова е најчестиот начин за завршување на војните во историјата на војните“, рече тој, пренесува Интерфакс Украина.

Поранешниот врховен командант на вооружените сили на Украина е убеден дека мирот, „дури и во очекување на следната војна“, дава шанса за „политички промени, за длабоки реформи, за целосно закрепнување, економски раст и враќање на граѓаните“.

Залужни истакна дека „сето ова е невозможно без ефикасни безбедносни гаранции“. Според него, Русија избрала стратегија на исцрпување на Украина уште во 2022 година, поставувајќи си цел да создаде услови за постигнување „колапс на Украина на воениот, економскиот и политичкиот фронт истовремено“.

„Русија се стреми да создаде услови за постигнување колапс на Украина на воениот, економскиот и политичкиот фронт истовремено. И тука решавачкиот удар што сакаат да го зададат може да биде нова фаза од војната. Во отсуство на унифицирана визија за нова безбедносна архитектура на европскиот континент, без безбедносни гаранции и реални финансиски програми, војната со Русија ризикува да се претвори во граѓанска војна со подоцнежна окупација на Источна Европа“, предупредува Залужни.

Тој ја истакна важноста на дефинирањето на политичката цел на војната за Украина како основа за стратешката насока на земјата.

„При утврдувањето на политичката цел на војната, политичарот мора да ги земе предвид позициите на воениот, социјалниот и економскиот фронт, чие освојување ќе создаде поволни услови за водење мировни преговори. Затоа, не е важна само одбраната на сите овие фронтови, туку и целните напади врз секој таков сегмент од непријателот мора да бидат успешни, особено во војна на исцрпување“, оцени украинскиот амбасадор во Лондон.

Тој изјави дека политичката цел на војната за Украина е „лишување на Русија од можноста да изврши акти на агресија против Украина во догледна иднина“, истакнувајќи дека начинот за постигнување на оваа цел е привремен прекин на огнот, кој „дури и во очекување на следната војна“ дава шанса за почеток на системски промени во Украина.

Најнови вести од: Свет

Поранешен кинески министер осуден на доживотен затвор поради корупција – „лапнал“ 19,8 милиони долари

Поранешниот кинески министер за правда Танг Јижонг осуден е на доживотен затвор поради корупција, јави Кинеската централна телевизија. Судот во Сјамен, во југоисточната провинција Фуџијан, го прогласи Танг за виновен за нелегално стекнување средства во вредност од повеќе од 137 милиони јуани (19,71 милиони долари) во периодот од 2006 до 2022 година и тргување со […]

Претседателката Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на владите во Дубаи

Сиљановска-Давкова ќе учествува на глобалниот Форум за владини регулативи и правда, како и на Светскиот самит на лауреати, што се одржува првпат во пресрет на Светскиот самит на владите, со вклучување носители на Нобеловата награда и водечки научници во дебатите за креирање политики

Трамп: Најновите документи за Епштајн ме ослободуваат од обвинувањата

Американскиот претседател Доналд Трамп, реагираше на објавувањето на повеќе од три милиони страници документи поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, тврдејќи дека документите го ослободуваат од обвинувањата.

Норвешката принцеза до Епштајн : „Ти ми го грепкаш мозокот“

Според новообјавените документи од Министерството за правда на САД, кои содржат милиони страници од досиејата поврзани со Џефри Епштајн, норвешката кралска принцеза Мете-Марит (сопруга на престолонаследникот Хаакон) е спомената над илјада пати.

To top